ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! – Архимандрит Гаврил (Галев) / CHRIST IS RISEN! – Father Gavril (Galev)

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! – Архимандрит Гаврил (Галев) / CHRIST IS RISEN! – Father Gavril (Galev)

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! – Архимандрит Гаврил (Галев) / CHRIST IS RISEN! – Father Gavril (Galev)

Воскресението е светлина. Кога ќе речеме воскресение, нас едноставно не асоцира на светлина. Велигденскиот поздрав, Христос воскресна! Навистина воскресна! е пренесување на светлината Христова. Изрекувајки го овој поздрав ние ја сведочиме светлината.

За да ја сведочиме таа светлина треба живо да соучествуваме во настаните од животот Христов: Неговите маки, распнување, погребение и слегување во адот и воскресение. Преку аскетско-исихастичкиот подвиг на очистување на срцето од страстите да ги распнеме нашите страсти со воздржание. Да го приковиме нашиот ум за зборовите на молитвата ” Господи Исусе Христе, помолуј ме”. Да го погребaме нашиот стар човек и да се симнеме со умот во адот по зборовите на преподобниот Силуан Атонски: “држи го умот во адот и не очајувај”  за, на крајот, и ние да совоскреснеме со Христос во Неговата светлина.

Нека благодатта и светлината на воскресението Христово заблеска во сите нас, во нашето срце, во нашиот ум, во нашите души, во нашиот живот и сите задно и едномислено да речеме:

“ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!”


Resurrection is lightness. When we say resurrection, it simply associates us with lightness. The Easter greeting, Christ Is Risen – He Is Risen indeed is relaying Christ’s lightness. Voicing this greeting we witness this lightness.

In order to witness that lightness we ought to vividly take part in the events of Christ’s life, of His suffering, crucifixion, burial and descent into Hades and Resurrection. Through the ascetic-hesychastic struggle in cleansing of the heart from the passions we are to crucify our passions with abstinence. We are to fix our mind to the words of the prayer  “Lord Jesus Christ, have mercy on me”. We are to bury our old man and to descend with our minds in the Hades, according to venerable Siluan the Athonite:  “keep your mind in hell and do not despair”, so at the end we are to resurrect together with Christ in His lightness.

Let the grace and the lightness of Christ’s resurrection shine forth in all of us, in our heart, in our mind, in our souls, in our life and let us all together in unanimously say:

“CHRIST IS RISEN! HE IS RISEN INDEED!”