Кога би работеле на сопственото поправање…

Кога би работеле на сопственото поправање…

Кога би работеле на сопственото поправање и кога повеќе би биле свртени кон внатрешното отколку кон надворешното, давајќи ѝ предност на Божјата помош, повеќе и подобро би им помогнале на другите.

Над сѐ, така би ја добиле внатрешната хармонија што тивко им помага на луѓето кои ги сретнуваме, зашто внатрешната духовна состојба невидливо ја покажува добрината на душата и ги менува другите.

Кога некој се предава на надворешното делување пред да поработи на прочистување на внатрешната состојба, може духовно да се подвизува, но е потиштен и загрижен, во мака, му недостасува надежта во Бога и често го губи мирот.

Кога ќе се ослободи од стариот човек и сѐ што е од овој свет, дури тогаш ја добива Божјата благодат и дури тогаш станува спокоен, а ги прави спокојни и сите други луѓе.

Но ако ја нема Божјата благодат, не може да владее со себе ниту да им помогне на другите на начин на кој тоа би Му било мило на Бога.

Треба да се натопи со Божјата благодат и дури потоа да почне да служи со своите, сега веќе очистени, сили заради спасение на другите.”

– o.Јован Крестјанкин

фб профил – Моника Николова