КОГА ГИ НАХРАНУВАМЕ ГЛАДНИТЕ, ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС ГО ‘ХРАНИМЕ“…- Преподобен Симеон, Нов Богослов

Example Admin User · 3 years ago

    2 minutes, 58 seconds


КОГА ГИ НАХРАНУВАМЕ ГЛАДНИТЕ, ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС ГО ‘ХРАНИМЕ“…- Преподобен Симеон, Нов Богослов

Не нѐ спасува тоа што еднаш на некого ќе му направиме милост, макар што, ако некогаш некого презреме – сме виновни и достојни за вечниот пламен.

Спасителот говори во Светото евангелие:
„Гладен бев… жеден бев“ (Матеј 25, 35).

Овие зборови не се однесуваат за еден случај и само за еден ден, туку се однесуваат на целиот живот. Исто така, и неговите зборови:

„Ми дадовте да јадам… Ме напоивте“ (Матеј 25, 35), како и за другите услуги што сме им ги направиле на своите ближни, покажува каков бил нашиот постојан однос спрема нашите ближни – спрема сите.

Зашто, Господ благоволил да се вподоби со секого од сиромасите, за никој од оние што веруваат во Него да не се погордеат над својот брат, туку, гледајќи го во секого од нив својот Бог, – да се смета помал и поништожен од него и да знае дека тоа го прави за својот Создател, да биде готов за Него да го даде и целиот свој имот, така како што Господ Исус Христос се предал Себеси и ја пролеал Својата крв за нашето спасение.

Кому што му е заповедано да го сака својот ближен како што се сака себеси, тој, се разбира, не треба така да го сака само еден ден, туку така треба да го сака во целиот свој живот.

Исто така, и оној што сака другите да му прават добро секогаш, и тој е должен да им го прави тоа на другите.

Оној што го сака својот ближен како себеси, тој не може да си дозволи да има повеќе од него, и оној што има, ако не го раздаде сето она што го има, не раздава сѐ додека има, така што и тој самиот да стане сиромав и не стане сличен со своите сиромашни браќа, тој нема да биде вистински извршител на Господовата заповед.

Исто така, оној што има кај себе и најмала пара и макар еден залак леб, ако го испрати својот сиромашен брат, кој му бара милост, без ништо, и тој не ја извршува Господовата заповед, а сака во слични околности – другите да бидат милостиви спрема него.

На тој начин, и оној што секој сиромав го хранел, го облекувал и правел за него сѐ што било потребно, а презрел само еден, само за еден не се погрижил, – и тој ќе биде вброен кон оние кои Го презреле Господа Исуса Христа и Бога – кога бил гладен и жеден.

Како некои Го заклучуваат Христа само во еден сиромав, кога е Он неразделно разделен и целиот е во секој сиромав?

Сега да претпоставиме во нашиот ум, дека сто сиромаси се како еден Христос, зашто Христос потполно неразделно се наоѓа во секого од нив.

И затоа, кога некој на деведесет и девет сиромаси им дал по една монета, а само на еден не му дал, туку го изгонил без ништо, што мислиш: кому му го направил тоа?
Се разбира, тоа Му го направил на Самиот Христа, Кој рекол, вели и секогаш ќе говори:

„Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“ (Матеј 25, 40).

Од овие Христови зборови се гледа дека Господ го присвојува за Себе она што сме го направиле за сиромасите – за нашите сиромашни браќа.

Зборовите негови: „И Мене не сте Ми го направиле“ (Матеј 45, 45), не се ограничуваат само со оние, со кои сме биле немилостиви, ни со оние што сме ги онеправдале, или оние со чија сопственост сме се користеле и на кои сме им направиле секакви други зла; овде се и оние што сме ги презреле.

А самото тоа е доволно за да бидеме осудени, зашто, презирајќи ги нив, ние Го презираме Самиот Исус Христос.

Можеби ова на сите им се чини тешко, па затоа мислат дека се прави кога си говорат на себеси вака:

„Кој може точно да го исполни сето тоа: сите да ги нахрани и задоволи и ниеден да не остане незадоволен и ненахранет?“

Но, да го слушнеме што говори за ова светиот апостол Павле, кој ги изговорил јасно следниве зборови: „Љубовта Христова нѐ гони да размислуваме за ова“ (2. Кор. 5, 14).

Како што главните заповеди ги содржат во себе сите одделни заповеди, така и главните добродетели ги содржат во себе сите одделни добродетели.

На пример, оној што продал сѐ што имал и парите им ги разделил на сиромаси, станувајќи самиот сиромав, тој одеднаш со тоа ги исполнил сите заповеди, кои се однесуваат на ова.

Тогаш тој веќе ќе нема обврска да им дава на сиромасите и нема да има можност да се оттргнува од оној што би барал од него.

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/21/30499/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Љубов, љубов, љубов!

Она со што треба да се занимаваме, деца мои, е љубовта кон другиот, кон неговата душа. ДА НЕ БИДЕМЕ ПИТАЧИ НА ЉУБОВТА „Љубовта е над сè. Се’ што правиме правиме, и молитва, и совет и укажувања, да правиме со љубов. Без љубовта молитвата не е полезна, советот повредува, укажувањето штети и го уништув...

Image Description
2 years ago

Оној што се труди да се угледа на Бога – Преподобен Нил Синајски

72. Нема никаква полза за оние што се откажуваат од светот, ако не останат при својата одлука, туку одново отстапуваат пред помислите и често мисловно се враќаат кон она што го напуштиле, покажувајќи co тоа приврзаност кон она, од што се откажале, слично на Лотовата жена, која, обѕрнувајќи се назад,...

Image Description
2 years ago

Кога ние се причестуваме на осуда! (Старец Сампсон)

ПОДГОТОВКА  ЗА СВЕТАТА ПРИЧЕСТ …Ако се повика свештеник да дојде во домот поради болест, тогаш секако се дава благослов. Најважно е следново: плашејќи се како од болест (тифус и други тешки болести), да не се причестиш на осуда co Светите Христови Тајни. A токму од тоа ние се плашиме. Затоа н...