КОГА МОЛИТВАТА НИ Е СУВОПАРНА ШТО ДА ПРАВИМЕ?  (Антониј Блум за аскетската молитва)

КОГА МОЛИТВАТА НИ Е СУВОПАРНА ШТО ДА ПРАВИМЕ? (Антониј Блум за аскетската молитва)

АСКЕТСКА МОЛИТВА

Кога сме во добро душевно расположение, додека срцето е полно co обожавање, грижа за другите, како што вели свети Лука:

“од преполнето срце зборува устата негова”, тогаш нема проблем co молитвата; ние слободно My зборуваме на Бога co зборови кои ни се најблиски.

Но, ако ја оставиме молитвата на милоста на нашето расположение, тогаш, веројатно ќе се молиме од време на време, силно и искрено, но губиме секаков молитвен контакт co Бога на подолги временски растојанија. Големо искушение е да ја одлагаме молитвата до времето кога ќе се почуствуваме живи за Бога, и да се смета, дека било какви молитви и стремења кон Бога во тие други периоди, лишени од искреност.

Сите ние знаеме од искуство дека имаме различни чуства, кои не ни доаѓаат напомош во секој момент од нашиот живот; болеста или очајот можат да ги избришат од нашата свест. Дури и кога љубиме длабоко, постои време кога за тоа не сме свесни, а сепак знаеме дека љубовта е жива во нас.

Истото може да се каже и во поглед на Бога; постојат внатрешни и надворешни причини, кои оневозможуваат да бидеме свесни за фактот дека веруваме, дека имаме надеж, дека навистина го сакаме Бога. Во таквите моменти мораме да се однесуваме не врз основа на моќта за чуствување, туку врз основа на она што го знаеме.

Мораме да веруваме во она што e во нас, иако не го приметуваме во тој одреден момент. Мораме да се сетиме дека љубовта е се’ уште тука, иако не го исполнува нашето срце co радост или co вдахновение. И мораме да стоиме пред Бога имајќи на ум дека Он секогаш не’ сака, дека е секогаш присутен, наспроти фактот дека тоа не го чуствуваме.

Кога сме бесчуствителни и сувопарни, кога ни изгледа дека нашата молитва е лажно преправање, направена рутина, што да правиме?

Дали би било добро да престанеме да се молиме додека молитвата повторно да оживее? Но како ќе знаеме дека дошло тоа време?

Постои сериозна опасност да бидеме заведени co желбата за совршенство во молитвата, тогаш, кога сме се’ уште толку далеку од тоа. Кога молитвата е сувопарна, наместо да отстапуваме, потребно е да направиме потег во верата и да продолжиме.

Би требало да My речеме на Бога:

“прими го, о Господи, овој едноличен глас, и зборовите од молитвата, и помогни ми”.

Молитвата нека биде квантитет, ако не може да биде квалитет. Секако, подобро е да се изговори “Оче наш”, co целата длабина од разбирање на зборовите, отколку да се повторува молитвата Господова 12 пати; но, понекогаш, ние, всушност, не сме во состојба ни тоа да го правиме.

Ако молитвата е обемна, тоа не значи изговарање повеќе зборови отколку обично; тоа не значи да се придржува вообичаеното правило за молитва кое сме го поставиле пред себе и прифаќањето на фактот дека тоа не е ништо друго, туку извесна количина на повторени зборови. Како што велат светите Оци, Светиот Дух е секогаш тука кога постои молитва, и согласно co свети апостол Павле: “Никој не може да Го нарече Исуса Господ, освен преку Светиот Дух (1 Kop.12,three).

Светиот Дух правовремено ке ја исполни молитвата, предан и стрплив Каков е, co значењето и длабочината на новиот живот. Кога стоиме пред Господа, во овие моменти на потиштеност, ние мораме да ја употребиме нашата волја, мораме да молиме од убедување, ако не од чуство. Од верата ние сме свесни за поседување, интелектуално, ако не co пламено срце.

Bo таквите моменти молитвите ни звучат сосема поинаку, но не и на Бога; како што Јулијан од Норвич вели: Моли се однатре, и ако мислиш дека не чуствуваш, од голема корист е, иако не гледаш и мислиш дека не можеш. Зашто во сувопарноста, ништавилото, болестите и слабостите, твојата молитва ми е мила, иако мислиш дека едвај те одржува, но сета твоја молитва co вера е во мојот видокруг (Темнина на незнаењето).

Bo овие неплодни периоди, кога молитвата причинува напор, нашата главна подршка е верноста и одлучноста; co чинот на волјата, вклучувајќи ги двете, ние се принудуваме себе, без земање во предвид на нашите чуства, да застанеме пред Бога и да разговараме co Hero, просто затоа што Бог – е Бог, a ние Негови созданија. Што и да чуствуваме во дадениот момент, нашата положба останува иста; Бог останува наш Творец, наш Спасител, наш Господ, Оној, кон Кого се движиме, по Кого копнееме, и Оној, Кој може да ни даде исполнување.

Понекогаш, ние мислиме дека не сме достојни да се молиме и дека дури немаме право да се молиме; повторно, ова е искушение. Секоја капка вода, па и од каде и да доаѓа, од базен или океан, прочистена е во процесот на испарување; таква е и секоја молитва кога се издига кон Бога.

Колку попотиштени се чуствуваме, толку е поголема потребата за молитва, и сигурно е она, што го почуствувал Јован Кронштадски, еден ден, додека се молел, додека ѓаволот го набљудувал и дрдорел:

“Ти, лицемеру, како се осмелуваш да се молиш со својот гнасен ум полн со мисли кои не ги гледам”. Тој му одговорил: “Токму затоа што ми е умот полн co мисли кои не ми се допаѓаат и co кои се борам, јас My ce молам на Бога”.

Било да се користи Исусовата молитва или некоја друга, луѓето честопати велат: какво право имам да ја користам?

Како можам да ги изговарам овие зборови како свои сопствени?

Кога ги користиме молитвите што ги напишале светителите, луѓе од молитва и кои се резултат на нивното искуство, можеме да бидеме сигурни дека, ако сме доволно внимателни, тие зборови ќе постанат наши сопствени, ќе израснеме до нивното чувство и тие ќе не’ исполнат co милоста Божја, која одговара на нашиот напор.

Co Исусовата молитва, на некој начин, ситуацијата е поедноставна, зашто колку е полоша нашата состојба, полесно е да се разбере дека застанувајки пред Бога, ce’ што можеме да кажеме е : “Кирие елеисон” – Господи помилуј.

Почесто отколку што тоа можеме да го признаеме пред себе, ние се молиме надевајќи се на мистериозно просветување, надевајќи се дека нешто ќе ни се случи, дека ќе дојде до некакво возбудливо искуство. Тоа е грешка, ист вид на грешка, кој понекогаш го правиме во нашиот однос co луѓето, кои можат, всушност, да го уништат потполно тој однос.

Ние пристапуваме кон некоја личност и очекуваме одредено реагирање и кога не постои одговор или кога одговорот не е онаков како што сме очекувале дека ќе биде, ние сме разочарани или ja испуштаме вистинитоста на дадениот одговор.

Кога се молиме, мораме да се сетиме дека Господ Бог, кој ни допушта слободно да дојдеме во Неговото присуство, исто така е слободен во поглед на нас; што не значи дека слободата, која Он ја зема, е произволна, како што е нашата, да бидеме милостиви или груби, зависно од расположението, туку дека не мора да ни се открие Себе, едноставно затоа што сме дошле и гледаме во Негов правец.

Многу важно е, дека и Бог и ние сме слободни да одиме и да доаѓаме. И оваа слобода е од огромна важност, зашто тоа е својство на вистинскиот однос.

Еднаш една млада жена, по еден период на молитвен живот, кога Бог и’ изгледал многу блиску, одеднаш изгубила во потполност близина co Hero. Ho повеќе од тагата заради губитокот, таа се исплашила од искушенијата да се обиде да го избегне тоа отсуство Божјо, co градење на Негово лажно присуство; зашто вистинското отсуство на Бога и Неговото вистинско присуство се подеднакво вредни докази за Неговата вистинитост и конкретноста на односот кој го подразбира молитвата.

Така, мораме да бидеме подготвени да ја принесеме нашата молитва за било што, кое Бог може да ни го даде. Ова е основен принцип на аскетскиот жмвот. Во борбата да се одржиме себеси насочени кон Бога и да се бориме против се’ што e во нас непроѕирно и што не’ спречува да гледаме во насоката кон Бога, ние не можеме да бидеме ни сосема активни, ниту, пак, пасивни.

He можеме да бидеме активни, во смисла, што не можеме co нашата волја и напор да се искачмме на Небо или да Го спуштиме Бога од Небото. Но, не можеме да бидеме само пасивни, да седиме и да не правиме ништо, зашто Бог не не’ третира како нешта; не би можело да има вистински однос ако само Он делува на нас.

Аскетскиот став е став на будност, будност на војник, кој ноќе стои мирно и кој, колку е повеќе можно, свесен за се’ што се случува околу него, подготвен да реагира брзо и на прав начин, на се’ што може да се случи. На некој начин тој не е активен, зашто стои и ништо не прави, од друга страна тоа е интензивна активност, зашто е буден и потполно присебен. Тој наслушнува, набљудува co засилено запазување, подготвен е на се’.

Истото е и co внатрешниот живот. Мораме да стоиме во Божјото присуство co потполна тежина и прибраност, будни и мирни. Можеме да чекаме co часови или подолг временски период, но ќе дојде момент кога нашата будност ќе биде наградена, зашто нешто ќе се случува.

А повторно, ако сме внимателни и будни, тогаш сме подготвени за се’ што може да се случи, не за нешто одредено, туку мораме да бидеме подготвени да примиме од Бога било какво искуство.

Кога се молиме извесно време и ќе почуствуваме извесна топлина, лесно паѓаме во искушение дека и следниот ден ќе ни се повтори тоа чувство. Ако во минатото сме се молеле топло или co солзи, co смиреност или co радост, ние доаѓаме кај Бога очекувајќи доживување какво веќе сме имале и премногу често, затоа што го очекуваме старото искуство, го испуштаме новиот контакт co Бога.

Божјиот пристап може да ни најде израз на разни начини; тоа може да биде радост, може да биде стравопочитување, може да биде смиреност, или било што друго.

Мораме да запамтиме дека она што ќе го почуствуваме денес е нешто непознато за нас, зашто Бог, како што сме Го знаеле вчера, не е Бог како што ќе Го откриеме, можеби, утре.

Пренесено од книгата “Жива молитва” од Митрополит Антониј Блум

Пренесе Мина Даниловска