Title : Кој може да биде ученик Христов?! (Митрополит Наум)

Кој може да биде ученик Христов?! (Митрополит Наум)

Example Admin User · 1 month ago

    1 minute, 47 seconds Read time


Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 11:35)

„Со Него одеше многу народ; а Он се заврти и им рече: ’Ако некој дојде при Мене и не го намрази татка си и мајка си, жената и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик‘.“

Видете го денешново евангелско четиво (Лука 14, 25–35); што значи тоа да ги намразиме своите најмили?

Како тоа, да ги намразиме? Нели требаше да ги љубиме?

Накратко.

Да, треба да ги љубиме; но секогаш кога ќе бидеме поставени пред краен избор – Богочовекот Исус Христос или кој било (или што било) од тие што ни се најмили, ние Го бираме Него, а не кој било (или што било) од нив, па дури и да се во прашање сите и сѐ заедно.

Значи, заради Господ Исус Христос подготвени сме да се откажеме од сѐ најмило, но од Него, за никого и за ништо, не се одрекуваме.

Тоа го направиле мачениците, тоа го направиле вистинските монаси, тоа го направиле сите свети.

Во очите на светот тоа изгледа како омраза кон татка си и мајка си, жената и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја; да не спомнувам род, народ, татковина и сл.

Но, христијанинот најдобро знае дека без вистинска љубов кон Христос не постои вистинска љубов кон никого и кон ништо.

„Така и секој од вас, кој не се откаже од сè што има, не може да биде Мој ученик.“

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

Source: https://pokajanie.mk/2020/12/01/30055/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
1 month ago

МИЛОСТИВИОТ САМАРЈАНИН (Митрополит Наум)

Милостивиот Самарјанин Деца, го чувте денешното евангелско четиво (Лука 10, 25–37). Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар е Епископот. Милост...

Image Description
2 months ago

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла? (15.11.2020 16:51)Сум пишувал и порано на оваа тема, но изгледа дека повторно има потреба. Ајде да ја проследиме демонската помисла на славољубието, на гордоста, на високото мислење за себеси, од почеток до крај; додека да стане опсесија.Н...

Image Description
4 months ago

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

За некои неодговорени прашања (29.08.2020 15:44)Секое прашање си има и свое место, и свое време, и свој субјект за одговор. Или, не секое прашање се одговара кога било, каде било и кому било.Некои прашања прво се одговараат во пракса, на дело, а потоа и теоретски или со збор. Некои, пак, никогаш н...