Која е разликата помеѓу расудување и осудување? (На ваши писма одговара отец Горан Стојчевски)

Која е разликата помеѓу расудување и осудување? (На ваши писма одговара отец Горан Стојчевски)

Здраво!

Ако може отецот да ни разјасни која е разликата помеѓу расудување и осудување?

Како што имам слушнато границата помеѓу двете е тенка и човек може лесно од расудување да премине во осудување.

Ако го мразиме гревот а не личноста, дали тогаш гневот кон лошо дело, збор, намера е оправдан?

Ви благодарам.

Одговор на отец Горан:

Расудување е дар на Светиот Дух, резултат на аскетскиот труд од очистување на срцето од страстите и просветленоста на умот преку умносрдечната молитва.

Расудува оној кој разумот го ставил во функција на умот Христов, и така преку Духот Свети расудува.

А, осудува оној кој не се моли за сите, и нема можност да го добие дарот да расудува.

За да го мразиме гревот треба себе да се погледнеме!