Колку често треба да се причестуваме

Колку често треба да се причестуваме

Колку често треба да се причестуваме

Со првите векови на христиjанството, верниците често се причестувале со светите Христови таинства, со чесните тело и крв Господови. Многумина тоа го правеле дури и секоj ден. радициjата на често причестување се чувала и во следниот период. Многу свети отци овикуваат да се причестуваме, во согласност со нашите можности, што почесто. Во Русиjа, во 18. век, за жал, (не само во Русиjа, но и каj нас и каj сите словенски народи - заб. прев.) се востановила практиката на т.н. ретко причестување. Имало многу луѓе кои се ричестувале еднаш во годината. Се сметало дека е доволно да се пристапува кон светата Причест во секоj од четирите повеќедневни пости (Велигденскиот, Божиќниот, Апостолскиот и Богородичниот) и на именденот, а ретко имало некоj што се причестува на големите празници. Се поjавило дури и бесмисленото (краjно нелогично) мислење за штетноста од честото причестување. Оние кои се причестувале често, биле осомничени за ерес и за секташтво. Светиот и праведен Jован Кронштадски пишува „Некои личности зборуваат дека е грев ако мирjаните се причестуваат често и дека младите требало само еднаш во годината да пристапуваат кон светата Причест, а старите само за време на големите постови, и дека оние што често се причестуваат, постануваат луди. Каков апсурд! Какво богохулење и сквернавење на верата! Какво неразбирање! А заради што тогаш одекнува секоjдневно гласот на Спасителот, коj повикува на света Причест? Зар за тоа целата година да пребиваме во гревови, а само еднаш да се очистиме со покаjание и Причест. Зар не грешиме, не се изопачуваме морално и не се сквернавиме со гревови секоj ден? Зар нам не ни треба секоjдневно очистување, осветување и обновување? Може ли гревовите, коj секоjдневно се таложат, да се очистат само еднаш во годината? Зар вие не се миете и не се бањате редовно? Зар не треба душата, коjа постоjано е изложена на сквернавење од гревовите, секоjдневно да jа миеме? Неумесните и бесмислени луѓе, тие кои мислат и тие кои зборуваат безумно, незнаjници се кои не jа разбираат потребата на човековата душа? Нермилосрдни се! Таквите Христа не Го познале!“ Не е доволно душата да се чисти еднаш, или четири пати годишно. Да речеме, ако се 12обидеме нашиот дом да не го чистиме цела година, работите да не ги враќаме на свое место, да не го чистиме правот, да не го бришеме подот и да не го изнесуваме ѓубрето, тогаш во што би се претворило местото на нашето домување? Во таа смисла, апсурдно е да не се држи редот и чистотата во домот на своjата душа? Исто така, светиот Jован Кронштадски ги предупредува и тие што се причестуваат често, тоа да не им преjде во навика, во смисла на формалност, и да не доjде до ладење и немарност во духовниот живот. На своите духовни чеда, кои се причестувале секоjдневно со светите Таjни, а не напредувале духовно, ЗАР ВИЕ НЕ СЕ им велел: „Вие, кои себеси се нарекувате мои духовни МИЕТЕ И НЕ СЕ чеда и кои неколку години секоjдневно се причестувате БА Њ АТЕ РЕДОВНО? со светите таjни Христови, не се научивте на послушание, ЗАР НЕ ТРЕБА на незлобивост и долготрпелива љубов, и се предавате на ДУШАТА, КОJА озлобеност и непокорност.“ ПОСТОJАНО Е Честото причестување мора да биде усогласено со ИЗЛОЖЕНА НА духовникот, и ако тоj забележи дека во тоj процес СКВЕРНАВЕ Њ Е човекот го губи стравопочитувањето кон Светињата, тогаш може да му даде послушание поретко да пристапува кон ОД ГРЕВОВИТЕ, светиот путир. „Jас причестувам секоjа недела и почесто, СЕКОJДНЕВНО ДА но самото тоа во нив (се мисли на духовните деца на JА МИЕМЕ? свети Jован Кронштадски) предизвикува завист на едни кон други, и поради тоа понекогаш не им дозволувам.“ На секоj човек, согласно неговиот духовен развоj, треба да му биде одредена соодветна мера за причестувањето од страна на неговиот духовник. Некоj треба да се причестува секоjа недела, додека друг не треба толку често, но секоj православен христиjанин мора да се труди да не се причестува поретко од еднаш месечно.


КАКО ТРЕБА ДА СЕ ПРИСТАПУВА КОН СВЕТАТА ЧАША?

Пред почетокот на причестувањето, кога Ѓаконот, или свештеникот, ќе излезе од олтарот со светата чаша и ќе повика „Со страв Божjи, вера и љубов пристапете“, сите треба да се прекрстат и да направат поклон, па прекрстуваjќи ги рацете на градите, со големо смирение и покаjание да пристапуваат кон свештеникот, без да го нарушуваат редот и мирот во храмот и да се туркаат да застанат понапред во редот. Кон чашата се пристапува во ред, прво приоѓаат бебињата, децата и болните луѓе, а потоа мажите, па жените. Кога ќе пристапиме кон светата чаша, треба jасно да го кажеме своето крстено име и широко да jа отвориме устата. По зeмањето на светата причест, се целива долниот дел од светата чаша (ова е руска практика и каj нас не се допушта поради опасноста да не се турне путирот - заб.прев) коjа го симболизира реброто на Спасителот, од коешто потече крв и вода. Откако ќе се причести, верникот застанува на одредено место во храмот и продолжува да се моли до краjот на светата Литургиjа, за да Му се заблагодари на Бога што го удостоил за примање на Неговото пречисто Тело и чесната Крв. Постои погрешно мислење дека по причестувањето не треба да се целива раката на свештеникот, крстот или иконите. Тоа е неточно. Причесникот може да го целива крстот, да земе благослов од свештеникот, да ги целива иконите, зашто во тоа нема грев. По правило, по Литургиjата се читаат молитвите по света Причест, што може да се направи или во храмот или во домот.
Тие молитви се поместени речиси во секоj православен молитвеник. Во денот кога се причестуваме, не се прават метании (земни поклони), освен пред плаштаницата на Спасителот на Велика сабота и на коленопреклоните молитви на Духовден. По причестувањето, потребно е внимателно да постапуваме и да се однесуваме, да се чуваме од празни разговори, да пребиваме во молитва и читање на духовни книги, да правиме добри дела.