Куќа без темели – Митрополит Наум

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 44 seconds


Куќа без темели (21.10.2020 16:35)

И зошто ми велите: „Господи, Господи!“, а не го извршувате она што ви го кажувам? Секој што иде при Мене и ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува, ќе ви кажам на кого прилега. Тој прилега на човек, кој прави куќа, па ископа и продлабочи, и постави темели на камен; а кога настана наводнение, реката напна на таа куќа и не можеше да ја помести, оти беше основана на камен. А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек, што направил куќа на земја, без темели; и кога напна реката, веднаш ја урна, и паѓањето на таа куќа беше големо (Лука 6, 46–49).

„Оној што слуша и не исполнува“ е оној што нема опит од духовната борба. Опитот во духовната борба ни овозможува и себепознание и познавање на демонските лукавства и замки.

Опитот од духовната борба во Црквата нѐ прави причесници на соборниот опит на сите Светии; затоа демонот, иако многу постар и поопитен од нас, не ни може ништо.

Опитот од духовната борба не се стекнува со световно знаење. Духовниот опит и знаење се стекнува со восогласување на нашиот живот со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме, како и со местото и улогата што ги имаме во Црквата.

Накратко речено, духовниот опит се стекнува во духовната борба во која учествуваме, само откако сме го ставиле умот во процес на исцеление, духовно раководени од духовен отец, во Црквата. Восогласувањето на почетокот не е ништо друго туку послушание.

Значи, со световно знаење и опит може да се основа дом, бизнис, политичка кариера, да се стекне човечка слава, но без духовен опит, и при првиот налет на посериозни искушенија, сето тоа е во голема опасност да се распадне.

Посебно „оној што слуша и не исполнува“, а изградил куќа – под што се подразбира успех во која било област, при првиот демонски напад, сѐ му паѓа, оти нема опит од духовната борба, нема скен за духовните случувања, нема предвидување за движењето на нештата, просто – не е пророк, а можел да биде.

Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење.

Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво, земјоделие, иконопис, информатика итн., но тоа знаење не е укомпонирано со духовното знаење, и затоа не спасува од пад, затоа што е само парцијално знаење.

Трудете се да стекнете и духовен опит и знаење.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

(според записот на сестрите)

аа

Source: https://pokajanie.mk/2020/10/21/29669/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

  Отец Гаврил, од Лесновскиот манастир, беше голема утеха за малкуте вистински христијански заедници (христијани со свој духовен отец, со правило за духовен подвиг, кои редовно постеа, се исповедаа и се причестуваа), кои во тоа време, од 1983 до 1987 година (годините што ги поминавме заедно), в...

Image Description
3 years ago

Митрополит Тимотеј Правило на верата Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!Драги браќа и сестри!Бог, од преголема љубов кон човечкиот род, ја основа Својата света Црква, и им дава можност на луѓето, преку вистинска вера да можат да ги задоволат сите свои духовни потреби, а за да можат да се спасат и...

Image Description
3 years ago

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

14ти септември лето Господово за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија     Духoт на Гoспoда Бoга e врз Мeнe заштo Гoспoд Мe пoмаза за да им благoвeствувам на бeднитe, Мe испрати да лeкувам скрушeнитe пo срцe, да им прoпoвeдам на зарoбeнитe и на затвoрeницитe – oтвoрањe...