Литургија и Свештеничко Епархиско Собрание во Лесновскиот манастир

Литургија и Свештеничко Епархиско Собрание во Лесновскиот манастир

image

Литургија и Свештеничко Епархиско Собрание во Лесновскиот манастир

На 10. 05. 2018 година, Св. ап. Симеон брат Господов, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново, отслужи Света Архиерејска Литургија. По светата литургија во конаците при манастирот, а во присутво на целиот клир од Брегалничката епархија, се одража редовното годишно Свештеничко Епархиско Собрание, со кое претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион,

на кое се разговараше за црковно – духовниот живот во епархијата според Догматското и Литургиското учење на Светата Соборна Апостолска Црква. По завршувањето на Свештеничкото Епархиско Собрание, од страна на братството при манастирот, беше организирана заедничка трпеза на љубовта.