Љубов, љубов, љубов!

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 26 seconds


Она со што треба да се занимаваме, деца мои, е љубовта кон другиот, кон неговата душа.

ДА НЕ БИДЕМЕ ПИТАЧИ НА ЉУБОВТА

„Љубовта е над сè.

Се’ што правиме правиме, и молитва, и совет и укажувања, да правиме со љубов.

Без љубовта молитвата не е полезна, советот повредува, укажувањето штети и го уништува другиот, кој што чувствува дали ние го љубиме или не го љубиме и реагира соодветно на тоа.

Љубов, љубов, љубов!

Љубовта кон братот нè подготвува да Го возљубиме Христа уште повеќе. Зарем не е ова убаво?

Кон сите да ја расфрламе нашата љубов несебично, не водејќи смета за нивниот став.

Кога ќе дојде во нас Божјата благодат, тогаш не се интересираме дали нè љубат или не и дали ни зборуваат со добрина. Ќе ја чуваствуваме потребата ние да ги љубиме сите.

Егоизам е кога сакаме другите да ни зборуваат со добрина.

Нека не нè растажува спротивното. Да ги оставиме другите да ни се обраќаат и зборуваат како што самите чувствуваат. Да не бидеме питачи за љубовта.

Наш стремеж треба да биде да ги љубиме и да се молиме за нив со сета наша душа. Тогаш ќе забележиме дека сите ќе нè љубат без тоа да го бараме, без воопшто да ја просиме нивната љубов.

Ќе нè љубат слободно и искрено од длабочината на нивното срце без да ги принудуваме.

Кога љубиме без да бараме да нè љубат, тогаш сите се собираат до нас како пчели. Тоа важи за сите нас.

Ако твојот брат те вознемирува, те замара, тогаш вака да размислуваш :

Сега ме боли моето око, мојата рака, мојата нога.
Треба да ги згрижам со сета моја љубов (спореди 1. Кор. 12, 21).

Меѓутоа, да не размислуваме ниту дека ќе бидеме наградени за нашите наводни добри дела, ниту дека ќе бидеме казнети за нашите лоши дела.

Кога љубиш со љубовта Христова, тогаш доаѓаш до познание на вистината. Тогаш не бараш да те љубат, бидејќи тоа е лошо.

Правилно е ти да љубиш, ти ја даваш својата љубов. Од нас зависи дали ќе се спасиме.
Бог го сака тоа, како што вели Светото Писмо, Он сака сите да се спасат и да дојдат до познание на вистината (1. Тим. 2, 4).

Старец Порфириј

Source: https://pokajanie.mk/2020/11/10/24404/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Кога нѐ напушта благодатта?

Еден старец секојдневно јадеше по три кутичиња мармелад. Еднаш му дојде на посета еден брат, и кога седнаа да јадат, извади и за братот три кутичиња мармелад. Старецот виде дека братот има потреба повеќе да јаде и му донесе уште три. Откако се најадоа и станаа, старецот го...

Image Description
3 years ago

Свети Силуан Атонски – Молитвата е најдобро дело за душата!

Свети Силуан Атонски СЛОВО ЗА МОЛИТВАТА Кој Го љуби Господ, тој секогаш се сеќава на Него, а сеќавањето на Бог ја породува молитвата. Ако не се сеќаваш на Господ, тогаш нема ни да се молиш, а душата без молитвата нема да пребива во љубовта Божја. Оти преку молитвата доаѓа благодатта на Светиот Дух....

Image Description
2 years ago

Вниманието е знак на вистинското покајание (Никифор Отшелник)

До самиот Никифор Прашања: Од наведените сведоштва дознаваме како дејствувале отците, кои My угодиле на Бога и дека има едно дејствување што брзо ја ослободува душата од страстите и преку љубовта ја поврзува co Бога, што му е потребно на секого што се бори за Христа, во што ние воопшто не се сомнев...