​ЛУЃЕТО ЌЕ ЗАБОРАВАТ НА БОГА

​ЛУЃЕТО ЌЕ ЗАБОРАВАТ НА БОГА

​ЛУЃЕТО ЌЕ ЗАБОРАВАТ НА БОГА

– Св. Игнатиј Брјанчанинов



...Кога Фарисеите заминале од Господа, Он тогаш им рекол на своите ученици дека знакот за крајот на светот и близината на Второто Доаѓање ќе биде невообичаениот материјален напредок: луѓето ќе заборават на Бога, ќе го заборават небото, ќе ја заборават вечноста и во својата заведеност ќе помислуваат дека се вечни на земјата, и целото свое внимание ќе го насочат кон земјата, на придобивање на најголемо и неизмерливо богатство на земјата. Што може да биде побезумно од таквата насоченост?
Не сведочи ли смртта, која ги стигнала и постојано ги стигнува сите луѓе, дека сме создадени за вечност, а на земјата сме само малку вечни странци, па поради тоа нашите грижи за вечноста треба да бидат наши главни и најголеми грижи, а грижите за земјата треба да бидат многу умерени?
...Светото Писмо ни кажува дека современиците на Ное и сограѓаните на Лот се оддале на безмерен разврат. Развратот се раѓа поради отстапувањето од Бога, од огромното свртување кон земјата и материјалниот напредок. Како да мисли на Бога, како да го гради своето спасение човекот, кој е постојано и исклучиво обземен од земни работи и материјален напредок?
Сеопштиот разврат, заедно со извонредно големиот материјален напредок, ќе бидат знак за крајот на овој век и страшниот Христов Суд кој се приближува. Нема само сладострастието тогаш да господари. Развратот, во вистинска смисла на тој збор, ќе постане наследство на човештвото во последните времиња од пребивањето на човечкиот род на земјата.
Гревот ќе го достигне својот потполн развој и ќе биде уште пострашен и степенот на неговото владеење ќе биде посилен, а и лукавата маска на благочестието ќе постои. Кој ќе сфати (во изгледот) дека во таа однадвор расцветана побожноста е уништена целата нејзина суштина, и целата сила? Тие исто така биле уништени во религијата на јудејците во времето Христово, што никако неможел да сфати народот, што исто така неможеле да сфатат ниту книжевниците, ниту левитите, ниту првосвештениците јудејски, наклукани со својата мудрост и знаење.
Но таа мудрост и тоа знаење се состоеле само во изучување на законот Божји според словото кое убива, и живееле живот кој е спротивен на Божјите заповеди: таквиот живот ја прави верата мртва.
...Човештвото нема да ја види својата несреќна положба во морален и духовен поглед, бидејќи заслепени од успесите на материјалниот напредок за временото и за земјата, а отфрлајќи го преуспевањето христијанско за духот, за вечноста, за Бога. Кога светот свечено ќе го објавува и произнесува својот успех – заведени од највисоката среќа, од ненарушливиот мир и безбедност:
...Господ ја заклучил науката за крајот на светот и за своето Второ Доаѓање со следната поука и завет: „Внимавајте на себе да не отежнат вашите срца со многу јадења и пијанство и грижи за овој свет и да не дојде на вас тој Ден... Бидејки тој ќе дојде за сите кои живеат на земјата...“
Со овие Господови зборови, со овој совет, со оваа Негова заповед се забранува телесниот живот и претерувањето во земните грижи, што сето заедно го претвора човекот од духовен во телесен и неприроден, го тера да заборава на вечноста и на Бога и го влече кон паѓање во сите гревови. Во срцето кое не е заградено и не е запечатено со сеќавањето на Бога и со стравот Божји, лесно влегуваат сите страсти, во него продира духовниот мрак, непознавањето на Бога.
За луѓето кои поминуваат телесен, огревовен живот, опиени и опфатени од неговата магла, ќе настапи Доаѓањето Господово како рибарска мрежа. Таа мрежа ќе го опфати целото човештво. Да се побегне, да се избави од неа нема да биде можно за никого. Знаејќи го тоа, да престојуваме во постојана трезвеност.
Прибегнувајќи зачестено кон Бога, со непрестајни молитви исполнети со умиление и плач, и задобивајќи и одржувајки го во себе Царството Божјо живеејќи според волјата Божја, ќе можеме да се избавиме од синџирите и замките на гревот и кнезот на овој свет, со Божјата благодат и Сила.
Ќе можеме, со добра надеж и духовна сигурност во помилувањето и спасението, да застанеме пред праведниот и непристрасен Судија, Кој ќе ни ја изрече пресудата, што ќе ја одлучи нашата судбина во вечноста. Амин!
(Од новиот број на Троичник)


извор: https://www.facebook.com/Lesnovo.Monastery/photos/...