МЕ НАПАЃА ДЕМОН! Помогнете, има ли духовно лице кое може да истера вакво зло?(Одговара отец ГоранСтојчевски)

МЕ НАПАЃА ДЕМОН! Помогнете, има ли духовно лице кое може да истера вакво зло?(Одговара отец ГоранСтојчевски)

Добро утро. се` за добро нека е.

Ми треба помош!!! Изгубив секаква надеж дека ќе ја најдам, освен со молитва на некое свештено лице кое има моќ да истера демон од мојата душа. Барам спас веќе долго време, а освен исцелување во некој манастир нема друга опција, а не можам да најдам каде?

Ве молам за помош. Знам, ми фрлиле црна магија, ми отиде и здравјето, откако ми кажаа за таа црна магија ми отиде половина здравје, немоќна сум и откако знам за тоа како да делува уште повеќе.

Дечкото што е со мене како да ми го контролира мозокот, како да знае кај се движам, што правам, за детали и ситници знае..

Ме напаѓа на ЧАКРАТА и кога не сме заедно и тогаш губам енергија, вртоглавица, болки кои никогаш ги немав и претежно на левата страна од телото, срцебиења, несоници, кошмари и знам дека сето тоа го правел со некоја енергијапа како   хипнотизирана сум. Се` што ке каже извршувам како принудно, не може да го сопрам, толку слаба сум и исполнувам…

Страшноо! Помош ве молам, ми треба спас. Немам мир. Сакам мир.

ОДГОВОР на отец Горан Стојчевски:

Колку повеќе и давате значење на таа т.н. црна магија толку повеќе сила ќе ѝ давате. Треба да ја отфрлите таа помисла и да појдете да се исповедате, духовниот отец во црква или манастир ќе ви даде начин на пост и молитвено правило, почесто да присуствувате на Литургијата и да ви благослови да се причестувате.

Прв чекор нека ви биде отфрлањето на помислата за црна магија, а истовремено појдете на исповед.Здравјето ви отишло што сте ја прифатиле помислата, и тоа што стравот ви ја зафатил и душата. Единството и заедницата со Христа во Црквата преку светите Тајни се единствениот лек кој низ трпение ќе не исцели.

Сите тие демонски состојби се резултат на прифаќањето на лошата помисла што не оттргнува од христијанскиот живот. Отфрлете ја таа помисла како и толкувањата кои ве вртат во круг на безизлез и почнете со литургиски и молитвен живот, почнувајќи од исповед.

Како што вели св. Јован Лествичник побрзајте додека ви ја обземе целосно душата како и телото, ако телото се исплашило брзо ќе биде избавувањето.

Прочитав, спомнувате за делување врз некоја чакра?

Ако се продолжи со тие окултни дејствија само ќе си привлечете уште поголем број демони. Отфрлете такви помисли. Пред Христа, злото губи моќ.