„Ме заборави Господ“ (!?) – кратка поука

„Ме заборави Господ“ (!?) – кратка поука

„Ме заборави Господ“ (!?) – кратка поука

Еве го најкраткиот и најлесниот пат кон спасението:

Биди послушен,

воздржувај се, не осудувај,

чувај ги умот и срцето од лоши помисли и мисли дека сите луѓе се добри и дека Господ сите ги љуби.

Поради тие смирени мисли благодатта на Светиот Дух нема да те напушти и ќе речеш: „Милостив е Господ“.

Ако осудуваш, ако ропташ, ако си самоволен, душата ќе ти запусти, иако многу се молиш на Бога. Тогаш ќе речеш:

„Ме заборави Господ“.

Но, не те заборавил Господ, туку ти си заборавил да бидеш смирен, и затоа Божјата благодат не живее во твојата душа.

Во смирената душа благодатта лесно се вселува и ѝ дава мир и спокојство во Бога.

Божјата Мајка била смирена повеќе од сите и затоа Ја слави небото и земјата.

Бог ќе ги прослави оние, кои ќе се смират и тие ќе ја видат славата Господова.“

Свети Силуан Атонски