Милостив, Те молиме: подари му здравје на овој кој боледува! (Kанон за болниот)

Pokajanie

Pokajanie / Pokajanie 9 Views

КАНОН ЗА БОЛНИОТ (глас трети)

Песна 7

Ирмос: Некогаш на златниот лик, идолот персиски, трите момчиња не му се поклонија, па среде печката пееја: благословен си, Боже, на нашите отци!

Припев: Милосгив Господи, услиши ја молитвата на слугите Твои што Ти се молат!

О, Пресвет Крсту Христов, чесно дрво на Животот, co тебе смртта се уништи и мртвите воскреснаа; и сега болниов исцели го и оживеј го, како умрената девојка во времето на царица Елена.

Припев: Миостив Господи, услиши ја молитвата на слугите Твои што Ти се молат!

Co зборот Свој, Господи, си ја исцелил долгата и лута болест на Jов, кој co гнојни рани покриен, во пепел седеше и Тебе Ти се молеше; и сега в Црква за овој болен се молиме:

исцели го на невидлив начин по добротата Своја и молитвите на светиите Твои.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Сите знаеме дека мора да умреме, зашто таква е волјата Твоја, Боже наш, но за кратко, Милостив, Те молиме: подари му здравје на овој кој боледува, смртта во живот обрати ја и на ожалостените утеха подари им.

И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Поткрепа и помош биди ни во немоќта, Богородице, зашто Ти го знаеш времето и часот во кој ќе Го замолиш Својот Син и наш Бог да му подари на болниот здравје и прошка на сите гревови.