Мироточение на свети Димитриј во 1987 година

Example User · 3 years ago

    3 minutes, 34 seconds


 Мироточение на свети Димитриј во 1987 година

3.angeli.so.truba


Во овој текст ќе си спомнеме за чудото на мироточење на свети Димитриј во светиот храм во Солун, 1987 година, како што раскажува ѓаконот на храмот и денешен свештеник во светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во областа Четириесет цркви во Солун - отец  Христос Котиос.
Тоа се случи на 26 октомври  1987 година. Поминуваше десет часот. Солун го славеше споменот на маченикот и заштитник свети Димитриј како и ослободувањето од   500 годишното османлиско ропство.


Храмот на свети Димитриј со отворени врати ги пречекуваше  вечерните поклоници, кои коленичеa пред сребрениот кивот со светите мошти на Мироточецот. Во тој момент немаше повеќе од триесет до четириесет луѓе во храмот. Околу десетина жени пред кивотот  му пееја молебен на светителот. Единствениот од  црковниот клир што се наоѓаше во храмот, беше младиот и ново ракоположен ѓакон заедно со ѓаконицата - неговата сопруга.


Тогашниот старешина на храмот и иден епископ на Верија, Науса и Кабанија, Пантелеимон, им  дал задолжение да останат во храмот и да го чекаат.
Одеднаш, жените кои го пееја молбениот почнаа да викаат! Ѓаконот се стрча кон нив, а тие со измешани чувства му го покажаа кивотот! Кивотот буквално беше искапен во една масловидна супстанца на миро (велам миро зошто благоуханието беше неспоредливо).
Со сигурност можеше да кажеш дека некој истурил одозгора најмалку две кофи со ароматична течност (го користам зборот  кофи за да биде јасно дека количината на миро кое течеше врз масивните ѕидови на сребрениот кивот со релјефните претстави, беше голема).
Ѓаконот за момент се стаписа: Светителот мироточи!!! Не сомневајќи се ни најмалку за чудото и во состојба на радост,  изненадување и возбуда потрча да донесе памук од олтарот.

3.angeli.so.truba
Се врати трчејки и почна да го собира мирото со памукот од надворешните ѕидови на кивотот и да им дава парчиња миронатопен памук на поклониците. Го собираше мирото а тоа повторно се појавуваше и продолжуваше да излива без да постои видлив извор.
Карактеристично  му остави голем впечаток една ситуација: со едно големо парче памук избриша еден мазен дел од кивотот. Памукот целосно го впи мирото, како сува крпа кога впива течност од стакло. Една од жените ја допре дланката на местото од кивотот што го имаше избришано. Ѓаконот со восхитување ја виде нејзината раката натопена со мрсното зелено – жолто миро.
Во меѓувреме, благоуханието го имаше исполнето целиот храм и се прелеваше од отворените врати кон улицата на свети Димитриј, привлекувајки ги минувачите кои брзаа да видат од каде доаѓа таа миризба. Сите се упатуваа кон кивотот со мошти на свети Димитриј, којшто се наоѓаше не во киворот (сѐ уште не беше изграден во тоа време) туку напред пред олтарот на храмот.
Пријатните изненадувања не застанаа овде!

3.angeli.so.truba

Поклониците забележаа дека сите икони на храмот каде и да се наоѓаа, на  балдахините или на олтарот, мироточеа.
Ѓаконот виде како поклониците  вадеа марамчиња и ги бришаа заштитните стакла на иконите од олтарот и марамчињата пожолтуваа од мирото кое течеше од  двете страни на стаклото и внатрешната и надворешната.
Големината на чудото беше таква што не оставаше простор за сомнеж. Не сфативме што се случуваше, беше нешто како сон како магла, но се случи.Го допираа нашите раце, го гледаа нашите очи, го мирисаа нашите органи за мирис!!! За кратко време се создаде редица од луѓе кои со насолзени очи се поклонуваа на кивотот од Мироточецот и дознаа зошто му е даден тој епитет.
Во меѓувреме во хрмот пристигна стрешината со други клирици. Го отклучија кивотот и ги открија светите мошти на заштитникот на градот Солун. Благоухаа, но тоа беше мирис на светите мошти. Мирисот на мирото беше различен и карактеристичен.
Блажениот митрополит Солунски г-дин Пантелеимон  II (втори) Хрисофакис го препиша чудото на мироточение на свети Димитриј на следниот настан:
Таа вечер на празничното славење на универзитетот по повод ослободувањето на Солун, главниот говорник целосно го игнорираше светителот во својот говор и воопшто не го спомена.
Свети Димитри со мироточението изјави дека како што никогаш не го остави својот  град Солун  така и сега е присутен секаде и тој е оној што го спаси градот од ропството и од земјотресите но и сведочеше за индиферентноста на  Солуњаните  кои се покажаа  неблагодарни и се оддалечуваат од  Христос и Неговите светии.
Поминаа 32 години оттогаш. Јас сум тогашниот ѓакон на храмот, сега свештеник во Солун и ви ги пишувам случувањата  како што ги паметам. Во тој момент беше како да живееме една света тајна.
Не можам да ви опишам што чувствував! Радост, изненадување, трепет, возбуда... Не можам точно да прецизирам. Сепак тоа е случување за зајакнување на верата што нè исполнува со радост, надеж и чувство на Христовото присуство и  Неговите светии. Верата ни е жива.

 3.angeli.so.truba


извор: https://www.agiospatrokosmas.gr/.../h-sugklonistikh.../...

Избор од фб профил на

Православно слово

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost-2/zhitija/23642-1987

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

23. недела по Педесетница – “Што имаш co нас Tи, Исусе, Сине Божји?” – прашуваат демоните….

“Што имаш co нас Tи, Исусе, Сине Божји?” – прашуваат демоните. Co други зборови тоа значи: што има заедничко помеѓу Тебе и нас? Од каде оваа Твоја неочекувана и несакана посета? “Какво согласие може да има меѓу Христа u Велијар (2. Kop. 6,15)?” Сигурно дека нема никаква согласност. Затоа Велијаровит...

Image Description
3 years ago

Шеснаесетта Недела по Педестница

Свето евангелие според светиот апостол Матеј 25:14-30 14. Зашто, Он ќе постапи како човек, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот; 15. и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден; секому според силата негова; и веднаш замина. 16. Оној, што зеде...

Image Description
3 years ago

Седумте ефески момчиња (4/17 август)

Сторијата со седумте свети момчиња од Ефес е една од најфасцинантните. Приказната говори за седум млади момчиња со имиња Максимилијан, Ламвлих, Мартинијан, Јован, Дионисиј, Егзакустодијан (Константин) и Антонин, коишто живееле во средината на 3 век, за време на владеењето на императорот Декиј (249-...