Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и од Светото Евангелие дека истото се случило со Христос, Кој затоа нè предупредува и охрабрува: „Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат“ (Јован 15, 20). Но, што сакам, за мене нешто навистина посебно и воодушевувачко, да ви нагласам за жените мироносици?

Повеќе ...