Најпотресна, за мене, е симболиката за исконскиот крик на човекот во потрага по урнек на вистински Човек и човечност, преточена во само двата збора на раслабениот: немам човек!, како и симболиката на вистинското послушание до рушење на преградите меѓу словото и Духот на словото – А тој ден беше сабота. Поради тоа Јудејците му рекоа на исцелениот: „Сабота е и не треба да ја земаш својата постелка!“