Митрополит Струмички Наум: Гноми, т.е. мислење (03.02.2021)

Example User · 3 years ago

    1 minute, 55 seconds


 TVITer767

Митрополит Струмички Наум:
Гноми, т.е. мислење (03.02.2021 14:52)


Синот Божји, при воплотувањето – од Светиот Дух и Дева Марија, во Себе ја земал целата човечка природа; земал тело, разумна и умна душа, како и нивните својства... Сè земал освен гревот, поточно, подложноста на грев.
Во Богочовекот Христос нема гноми, т.е. мислење. Божествената Ипостас не може да размислува, во смисла да се колеба и двоуми помеѓу доброто и злото; а Ипостаста на Синот е единствен слободен носител на волјата и на енергијата на Богочовекот, т.е. единствен субјект на одлучувањето.
Христовата Личност, т.е. Ипостас, никогаш не манифестирала дејствување на гномичката, т.е. паднатата волја, во неа нема никаква примеса на гревот.  


Гноми постои и е поврзана со создадената ипостас, односно со човечката личност. Со овој термин се означува слободната падната волја на создадената ипостас – која, колебајќи се помеѓу доброто и злото, често се приклонува кон второто, го избира злото. Ипостаста, т.е. личноста на човекот, е таа што избира.
 Според свети Максим Исповедник, соединувањето и соработката на двете волји, Божјата и човечката, ипостасно и совршено е остварено во воплотениот Син Божји – Исус Христос, затоа човековото слободно и свесно прифаќање на оваа соработка, во Црквата, е единствен услов за негово спасение и обожение.

Гледаме дека патот кон обожението на човекот подразбира содејство и восогласеност на двете волји и, се подразбира, енергии – човечката и Божјата, а пред сѐ, суштинско преосмислување на нашата падната гномичка волја во Божествената волја.
Како да ја препознаеме Божјата волја, прашање што го предизвикува секој христијанин низ вековите? Зависи на кој степен од духовниот развој или од душевното разболување се наоѓаш – некогаш не можеш сам, а некогаш можеш.
Ако си на некој од степените на душевното разболување: демоноопседнат, религиозен социопат или религиозен невротичар; и ако си на првиот степен од духовниот развој: очистување на срцето од страстите, тогаш нема што ти да препознаваш или толкуваш, затоа што не можеш. Ти си должен да го прашаш својот духовен отец (во крајна инстанца тоа е Епископот на локалната Црква) и тој ќе ти каже. Нормално, ти, ако не си веќе многу опрелестен – ќе послушаш.

Ако си на вториот или третиот степен од духовниот развој, т.е. ако си достигнал просветлување на умот – со дарот на аскетската умно-срдечна молитва, или ако си достигнал обожение – со дарот на непрестајната, т.е. благодатната умно-срдечна молитва, тогаш ти имаш доволна просветленост на умот, односно имаш способност и самиот да ја препознаеш Божјата волја, како и сила да ја извршиш.


Пресвета Богородице, спаси нѐ!


Митрополит Струмички Наум

 Извор: МПЦ-ОА

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23920-mitropolit-strumichki-naum-gnomi-t-e-mislenje-03-02-2021

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВДенес, браќа мои, повторно го слушнавме словото Господово во светото Евангелие: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека оди по Мене“ (Марко 8:34). Ете, дојдовме до неделата по Воздвижението на Светиот Крст, празник што го одбележавме...

Image Description
3 years ago

Педесетница

ПЕДЕСЕТНИЦА Кога Православната Црква празнува некој настан од животот на нашиот Господ Исус Христос, тоа не е обично споменување или сеќавање на настанот. Црквата повторно го живее и доживува секој настан од свештената историја, за да можеме и ние денес да го доживееме лично. На таков начин, Црквата...

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум:За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020 )

 За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020 22:10)Секогаш се чудам кога ќе видам дека луѓето, кои себеси се нарекуваат христијани, не ја сфаќаат основната христијанска вистина – најубаво кажана од преподобниот отец наш Јустин Ќелис...