Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021 )

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 2 seconds



Копнеж – духовно да се прогледа (10.01.2021 16:58)

3.angeli.so.truba

Во денешното евангелие (Лука 18, 35–43), слепиот повикува кон Господ Христос: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме“. Оваа состојба го покажува првиот степен од духовниот раст – чистењето на срцето од страстите.

За овој степен од духовниот развој се карактеристични усно-умствената молитва и очистувањето на енергијата на умот; но, исто така, и непристапноста на срцето за умот и непросветленоста, т.е. духовното слепило.

Кај слепиот ја забележуваме не само упорноста во усната молитва, туку и свеста дека е слеп и потребата да се ослободи од таа слепост. Има луѓе кои немаат свесност дека се духовно слепи и тие ги гледаат работите согласно своите страсти – што, според Господ, е полошо и од слепило (Матеј 5, 29).

И, како со копнеж ќе повикаш кон Господа да ти ги отвори духовните очи ако си мислиш дека веќе духовно си прогледал? Ваквата прелест покажува безверие и неспремност за духовен подвиг. А секој подвиг си бара време.

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на вера поврзана со дела.

Истото важи за нас денес. Треба да го освестиме своето духовно слепило, треба да веруваме дека Богочовекот Исус Христос може да нè исцели и треба оваа наша вера да ја докажеме на дело – со што почесто призивање на името Негово, без да дозволиме некој или нешто да нè попречува.

Кога, преку усниот и умствен молитвен подвиг, ќе почнеме постепено да ја чистиме енергијата на умот, истовремено и неосетно ќе почне да се очистува и суштината на умот и ќе стекнуваме благодатна светлина која ќе ни овозможи да согледаме какви сме, да видиме колку сме душевно болни и духовно слепи.

Господ заповеда да Му го доведат. Тоа е икона на, од Господ основаното, духовно раководство, преку коешто слепиот и единствено може да дојде до Христос. Оној што е под правилно духовно раководство и е свесен за својата духовна слепост, знае и што најнапред да побара: „Господи, да прогледам!“

Втората состојба почнува кога Христос направи слепиот да прогледа. Оваа состојба го покажува вториот степен од духовниот раст, а тоа е просветлувањето на умот преку умно-срдечната молитва.

Просветлувањето, од една страна, си бара подвиг за доволно очистена суштина на срцето од страстите, а од друга страна, тоа е Божји дар. Чистотата на срцето ја овозможува пројавата на благодатта на Крштението во него, како и симнувањето на умот таму. Бидејќи умот веќе го знае местото на срцето, тој ја напушта усно-умствената молитва и продолжува да се моли внатре во срцето. Таму, соединет молитвено со Божјата благодат, тој се просветлува.

            Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот!

Митрополит Струмички Наум

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7371

Друго:

3.angeli.so.truba

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23837-10-01-2021

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

 Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 17:01)Деца, го чувте денешното евангелско четиво (Лука 10, 25–37).Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар...

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Недела на Православието (20.03.2021)  Најпрво сакам да ви обрнам внимание на Филиповиот одговор: „Дојди и види!“, на прашањето на Натанаил: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“; како и на Натанаиловото прифаќање на повикот. Ова е наједноставен и најсигурен личен метод на проверка на неш...

Image Description
3 years ago

Недела пред Богојавление

НЕДЕЛА ПРЕД БОГОЈАВЛЕНИЕ „Покајте се!“ (Матеј 3: 2) ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! Денешниот евангелски настан нè води во Јорданската пустината, онаму, каде што непосредно пред доаѓањето на Божјиот Син на земјата живеел и проповедал Неговиот Претеча, светиот Јован Крстител. Оние луѓе, ко...