Title : Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Example User · 3 weeks ago

    0 minutes, 8 seconds


Недела на Православието (20.03.2021)

NEDELA.na.PRAVOSLAVIETO1


 Најпрво сакам да ви обрнам внимание на Филиповиот одговор: „Дојди и види!“, на прашањето на Натанаил: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“; како и на Натанаиловото прифаќање на повикот. Ова е наједноставен и најсигурен личен метод на проверка на нештата.
Зборовите „дојди и види!“ во контекст на православниот духовен начин на живот и подвиг не значат ништо друго освен: чистење на срцето од страстите и просветлување на умот, подвиг и дар, пракса и теорија. Едното без другото едноставно не оди.
            Денешново евангелие е уште едно историско сведоштво и конкретен пример на совршена молитвена заедница и однос помеѓу Бог и човекот, помеѓу Прволикот и Неговата икона; сведоштво за исполнета молитва и остварен личен однос.
Кога Христос му вели на Натанаил: „Кога беше под смоквата, Јас те видов“, всушност му открива Кој го слушал, но и Кој му ја исполнува во целост и во живо таа молитва сега. А Натанаил со својот одговор ни открива и ни сведочи дека во Богочовекот Христос Го препознава Оној Кому Му се молел и Кого единствено Го барал во молитвата – Синот Божји и очекуваниот Месија.
А кој друг би можел да знае што се случува во срцето и во умот на Натанаил ако не Самиот Бог? Така, не знам на што попрво да се воодушевуваме: дали на Натанаиловата молитва, во која Го бара само Него; или на нејзиното совршено исполнување – и како мистично доживување и како лична средба во живо – од страна на Богочовекот Христос?

3.angeli.so.truba
Што можеме да заклучиме од оваа средба и воопшто од преданието на Светите отци за подвигот на богопознанието, а во контекст на денешниот празник – Недела на Православието?
            Согласно опитот на сите Светии, единствен темел на вистинскиот духовен живот е вистинската вера. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено значи и учество во вистинска благодат. Вистинската вера го соединува човекот со Бог.
Нашата создадена енергија влегува во процес на преобразување, односно очистување, просветлување и обожeние само во комуникација со несоздадената енергија на Единствениот Вистински Бог, а не со нешто што е создадено, па макар тоа било наречено и почитувано од страна на некои луѓе (или од повеќето луѓе) како бог или нешто божествено.
Но и вистинскиот, православен и подвижнички духовен живот во Црквата е единствен метод со кој се стигнува до спознание на вистинската вера, до богопознание.
Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива после големиот подвиг на чистење на срцето од страстите.
Затоа, многу е потребно, покрај подвигот за сочувување на вистинската вера по секоја цена, да се сочува и вистинското аскетско-исихастичко предание во Црквата, преданието на умно-срдечната молитва.

3.angeli.so.truba


И уште ова, каква е таа молитва поради која Господ лично се појавува? Слушнете: секое друго барање во молитвата, како што се: здравје, среќа, благосостојба, а не барање на само Него и единствено Него, е валкање на чистотата на православната вера; а нас нѐ деградира – од деца Божји во наемници (кои работат за награда) или робови (кои нешто чинат или не чинат од страв). Не дека Бог нема да ни го даде и другото што го бараме, но тогаш нема да Го видиме Него.


Пресвета Богородице, спаси нас!


Митрополит Струмички Наум

Извор:МПЦ-ОА

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/24001-mitropolit-strumichki-naum-nedela-na-pravoslavieto-20-03-2021

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
1 month ago

† БЕСЕДА ОД МИТР. ТИМОТЕЈ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА СВ. СВЕШТ-МЧ. ХАРАЛАМПИЈ

Почитувани верни чеда на Дебарско-кичевската епархија, во прилог ви ја пренесуваме беседата на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. Беседата е напишана по повод празникот на светиот свештеномаченик Харалампи...

Image Description
6 months ago

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

 Со векови на денот на Воздвижението, односно Воздигнувањето на Чесниот Крст, архијереите, стоејќи среде црквата, окружени од мноштвото свештеници, го издигале Крстот високо над главите на соборот на верни, додека хорот во тоа време громогласно пеел „Господи, помилуј!” Тоа бил празникот на хрис...