Митрополит Струмички Наум: Неправедно богатство (03.12.2020)

Example User · 3 years ago

    1 minute, 46 seconds


 Митрополит Струмички Наум:
Неправедно богатство (03.12.2020 )

3.angeli.so.truba


Деца, го слушнавте денешното евангелие: „И Јас ви велам: создадете си пријатели со неправедно богатство, па кога осиромашите, да ве примат во вечните живеалишта“ (види: Лука 16, 1–10).


Кој е тој несправедлив настојник; со какво неправедно богатство управува и располага; и зошто Господ го пофалил?
Секој еден од нас е несправедлив настојник. Ако сега не ти е јасно – читај понатаму.

Неправедно богатство е сѐ она што Бог ни го дарувал и надвор од Црквата, а уште повеќе сѐ она внатре во Неа. Самото наше постоење и целиот наш живот е дар Божји, а камоли благодатната можност што во Црквата ја добиваме за благобитие и за вечно благобитие. Со сите овие природни и благодатни дарови ние слободно управуваме и располагаме.

Господ го пофалил несправедливиот настојник затоа што, на крајот од управувањето, му текнало дека не со свое богатство располага, туку со туѓо, и така полесно можел да се истргува со должниците; оти туѓото со кое располагаш ти доаѓа како некој вишок.

Така и сите ние (а посебно оние што се поставени на високи позиции во која било област од животот на општеството), ако простуваме и ако покажуваме милост, со конкретна помош, кон оние кои душевно и телесно страдаат, само од нашиот вишок – од сѐ она, духовно и материјално, со кое Бог нѐ дарувал, ќе бидеме пофалени од Господарот на нашите животи, односно откако крајно ќе осиромашиме од живот, ќе бидеме примени во вечните живеалишта.

Е, сега, ако се вложиме себеси со целото свое срце, со целиот свој разум, со целата своја душа и со сите свои сили во Божјото дело и ако согориме во тоа давање, за спасение на човекот и светот, тогаш нашиот Небесен Отец за друго ќе нѐ смета и со други зборови ќе ни се обрати, односно не како на настојници, туку како на законски наследници и сопственици.


Што ли тогаш човек, и како, да каже за Богородица и Секогашдева Марија?

На несправедливиот слуга, вообичаено, на крајот од животот му текнува дека сѐ е суета и ништавило пред неизбежната и неискажлива средба со Живиот Бог, а малата Марија на почетокот од својот живот согоре во Светињата на Светињите, во копнеж за лична средба со Оној Кој што Е – Вечносуштниот, за на сите нас да ни засветли вечно, како Светилник на несоздадената светлина, кој нѐ води и спасува низ бурното море на овој живот, кон сигурното пристаниште на Очевите прегратки, преку Христос во Светиот Дух.

 Vovedenie.na.Presveta.kp


Пресвета Богородице, спаси нас!


Митрополит Струмички Наум

Извор: МПЦ-ОА

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23714-mitropolit-strumichki-naum-nepravedno-bogatstvo-03-12-2020

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

Лука 24: 36-53        Зачало 114 ,,И ќе ве земам при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас<(Јован 14: 3) ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! Возљубени христијани,Никој од живите во тело не го видел Христовото Воскресение во таа темна но...

Image Description
3 years ago

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

  БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7).Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe срцe e пoтпoлнo гoтoвo да ја слeди вoлјата Бoжја. Вo тoа e и пoдгoтвeнoста на чoвeчкoтo срцe, радoснo...

Image Description
3 years ago

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

    А прeку Нeгoвитe рани ниe сe излeкувавмe (Иса. 53:5).Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата прeчиста крв и ниe сe oчистивмe...