Митрополит Струмички Наум: Романтичарска идеја за христијанството (09.12.2020 11:03)

Example User · 3 years ago

    1 minute, 19 seconds


 Митрополит Струмички Наум:
Романтичарска идеја за христијанството (09.12.2020 )

3.angeli.so.truba


Луѓето сакаат несметано да живеат некоја романтичарска идеја за христијанството, да се залажуваат со некаква сентиментална „љубов“ кон Бог и кон ближните, така што како да забораваат дека „животот“ е конкретен и дека во одреден момент секако ќе ги постави пред изборот – Христос или кој било друг или што било друго; па макар и некој најблизок или нешто најблиско.


Нормално е дека христијанинот, при таквиот избор, секогаш Го избира Господ Христос. На пример, ако сме поставени, како светите маченици (или монасите), да бираме помеѓу одрекување од Христос – од една страна, или од родено дете, или од мајка или од татко, или од роден брат или од сестра, или од нешто друго најмило – од друга страна, ние од Христос не се одрекуваме!


Но, демонот, како искусен непријател, не ги фаќа луѓето во своите замки најпрво на големи работи или избори, туку на ситни; на изборот помеѓу задоволување на некоја нивна мала страст или Христос.
Затоа, проблемот се малите работи и малите избори на кои демонот, луѓето, преку нивните страсти, ги лови – со што тие се одрекуваат од Христос, а истовремено мислат дека тоа ништо не е. Постапка на постепено загревање на водата до зовривање, во која несвесната – за тоа, жаба седи.


Постојат уште две Божји заповеди кои во парампарче ја разбиваат романтичарската идеја и илузија за христијанството, а тоа се заповедта за љубов и кон непријателите (види: Матеј 5, 44) – наместо завист и омраза, и заповедта за конкретно помагање на оние што страдаат (види: Матеј 25, 45) – наместо бесчувствителност (пасивна религиозна социопатија).


За дополнителни информации и објаснувања обратете се кај вашиот духовен отец.


Пресвета Богородице, спаси нас!


Митрополит Струмички Наум

Извор:МПЦ-ОА

 

 11ти  декември 2020 лето Господово

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23741-ljubov

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

БEСEДА а тoа какo Бoжјата љубoв сe излива вo чoвeчкитe срца (06.02.2022)

Љубoвта Бoжја сe излeа вo нашитe срца прeку Духoт Свeти, Кoј ни бeшe дадeн (Рим. 5:5). Љубoвта e радoст и таа сo радoст гo пoмажува чoвeкoвoтo срцe. Љубoвта, браќа, e сила и таа сo сила гo пoмажува срцeтo чoвeкoвo. Љубoвта e мир и таа сo мир гo пoмажува  чoвeкoвoтo срцe. А oд радoст...

Image Description
3 years ago

Недела пред Богојавление

НЕДЕЛА ПРЕД БОГОЈАВЛЕНИЕ „Покајте се!“ (Матеј 3: 2) ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! Денешниот евангелски настан нè води во Јорданската пустината, онаму, каде што непосредно пред доаѓањето на Божјиот Син на земјата живеел и проповедал Неговиот Претеча, светиот Јован Крстител. Оние луѓе, ко...

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (19.12.2020 )

  Митрополит Струмички Наум:Различни блаженства (19.12.2020 17:50) Слушајте ги блаженствата внимателно, за да ја забележите разликата: „Кога го виде народот, Он се искачи на планината; а штом седна, учениците Негови се приближија до Него. И кога ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше:...