Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 9 seconds


 TVITer660

Секој сака да е некој, никој не сака да расте (02.01.2021 10:54)

Многу луѓе се незадоволни од одредени состојби. Тие состојби може лично да ги засегаат, а може да ја засегаат пошироката јавност, како и целото општество.

Сите тие сакаат таквите состојби да се променат и мнозина од нив својата желба и јавно ја изразуваат; поединечно или организирано.

Најчесто луѓето, посакувајќи ги тие промени, поаѓаат од најдобри намери; или барем мислат дека промената што ја посакуваат е добра. Тоа не мора да е точно, но во случајов, не е битно.

Што е битно за да дојде до промена? Дали е битна мислата? Дали е битна молитвата? Дали е битна желбата? Дали е битен зборот? Сето ова е битно, но не е одлучувачко.

Одлучувачки се делата. Делата им даваат сила и на мислата, и на молитвата, и на желбата, и на зборот. Дури и верата без дела е мртва.

Некој убаво рекол: сите сакаат промени, но никој не сака да се промени; односно ретко кој сака себеси да се промени; а секоја промена почнува од себе.

Е, сега, ако повеќето сакаат промени на подобро, а ретко кој сака себеси да се промени на подобро, тогаш како може да очекуваме промена на подобро? Нормално, никако.

Оваа состојба Гете ја опишал со зборовите: „Секој сака да е некој, никој не сака да расте“. Што сака да ни каже? Со тоа ни кажува дека себепромената бара лична жртва.

Без лична жртва и пожртвуваност, човек ниту себеси може да се промени, ниту заедницата во којашто живее. Од квалитетот на сопствената промена зависи и квалитетот на општата промена.

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.

Мислам дека свети Серафим Саровски беше рекол: смири се ти и илјадници околу тебе ќе се смират. Гледате и самите колку големо значење има промената на само еден човек.

Што гледаме денес? Гледаме луѓе кои мислат дека ако нешто јавно кажат, без притоа себеси да се промениле, тоа ќе предизвика некаква промена. Не, само ја шират погрешната парадигма.

А сведоци сме дека погрешната парадигма е проширена до општа хистерија. Ништо добро од тоа не може да произлезе. Можно е само едно зло да биде заменето со друго зло – поголемо.

Па, нели гледате колкави саможртви прават и најобичните криминалци само да достигнат некоја индивидуална корист? А ние, христијаните, на што се надеваме без самопожртвуваност?

Сакаш да седиш дома на топло, најаден и напиен, покрај своето семејство, и сакаш од таму суштински да командуваш со Црквата. И најдобра намера да имаш, нема да можеш.

Кој ќе командува со Црквата, формално? Тој што го жртвувал сето тоа што ти го имаш, па макар и не со најдобра намера, па макар и со предумисла да дојде на таа позиција. Тој што ризикува.

Потоа се гневите кога ќе ви кажам отворено со кого можам да разговарам за што, а со кого не можам – за што. Сѐ е многу едноставно... А јас не можам да бидам со вас... освен искрен...

Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот!

Митрополит Струмички Наум

Извор:

МПЦ-ОА

2ри јануари 2021 лето Господово

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23807-02-01-2021

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Како да ја препознаеме Божјата волја…(Митрополит Наум)

ГНОМИ, т.е. МИСЛЕЊЕ Синот Божји, при воплотувањето – од Светиот Дух и Дева Марија, во Себе ја земал целата човечка природа; земал тело, разумна и умна душа, како и нивните својства… Сè земал освен гревот, поточно, подложноста на грев. Во Богочовекот Христос нема гноми, т.е. мислење. Божествената И...

Image Description
2 years ago

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

    Ангeл Гoспoдoв застанува oкoлу oниe кoи сe бoјат oд Нeгo, и ги спасува (Пс. 33:7).Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил Исуса Навина. Ангeл вoјувал за...

Image Description
3 years ago

Куќа без темели – Митрополит Наум

Куќа без темели (21.10.2020 16:35) И зошто ми велите: „Господи, Господи!“, а не го извршувате она што ви го кажувам? Секој што иде при Мене и ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува, ќе ви кажам на кого прилега. Тој прилега на човек, кој прави куќа, па ископа и продлабочи, и постави темел...