Молете се еден за друг, за да се исцелите…!

Молете се еден за друг, за да се исцелите…!

Молете се еден за друг, за да се исцелите…!

МОЛЕТЕ СЕ ЕДЕН ЗА ДРУГ…

„Ако не си мрзлив во усрдната молитва за другите, по нивна молба или сам или заедно со нив, ќе добиеш милост од Бог – благодат Божја во срцето, која ќе ти причинува задоволство и ќе те укрепува во верата и љубовта кон Бог и кон ближните.

Ова се вистински зборови, засновани на опит.

Ние, вообичаено, не толку волно туку повеќе принудно, или по навика, се молиме за другите, без целосно учество на срцето;

треба да се принудуваме себеси да се молиме од сето срце, со голема вера, и голема смелост, за да ја добиме великата и богата милост од милостивиот и кон доброчинства неизмерно наклонет Бог.

Но, да се молиме со вера и никако да не се сомневаме; оти оној, кој се сомнева, прилега на морски талас, кого ветрот го издига и растура (Јаков 1, 6).

На Господ, Кој ни е заеднички Отец, мило Му е кога усрдно, со вера и љубов се молиме едни за други, оти Он е Љубов, подготвена да дарува милост на сите поради заемната љубов.

Светиот Дух рече:

Молете се еден за друг, за да се исцелите (Јаков 5, 16).

Гледаш ли колку е угодна на Бог и колку е делотворна молитвата едни за други.

Свети Јован Кронштадски