МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

О, Сесвета Господарке Богородице, Која си почествувана од ангелите и архангелите, херувимите и серафимите, и посвета од сите светии, Дево Мајко Божја!

Спаси ме мене, Твојот понизен и грешен слуга, затоа што знаеш, семилосна Госпоѓо, дека освен Бога, сета своја надеж ја полагам на Тебе, и немам друг заклон на спасението освен Тебе, Предобра.

Ти си мојата сила, Господарке, Ти си мојата моќ, Ти си ми радување во тагата, засолниште во искушенијата, исправање во падот, Ти си ми исто така и сета надеж за спасение.

О Мајко на мојот Господ и Создател!

Помогни ми, мене кој пловам низ длабочините на овој живот, страотно нападнат и загрозен од паѓање во грев.

Подај ми рака на спасението, Помошничке моја, и избави ме од милта на бездната, за да не потонам во невидот на безнадежноста: затоа што бурата на гревот и страстите се подигна против мене и брановите на престапите на препокрија .

Но, Ти, Сострадална Мајко, Ти пристан на бестрастието, раководи ме и спаси ме, Надеж на безнадежните и Посредничке на моето спасение!

Амин