Молитва кон Свети Јован Крстител

Молитва кон Свети Јован Крстител

Крстителу Христов, проповеднику на покајанието, немој да ме презреш мене, покајникот, но заедно со небесните војски, моли се на Господа за мене недостојниот, потиштениот, немоќниот и тажниот, западнат во многу неволји, измачен од бурните мисли на мојот ум, зашто сум пештера на лоши дела и нема крај на моите гревовни навики.

Мојот ум е прикован за земни работи. Што ќе правам – не знам. И кому да прибегнам за да биде спасена душата моја?

Само тебе, Свети Јоване, кој си истоименик на благодатта, зашто знам дека си по Богородица најголем меѓу родените од жена бидејќи си се удостоил да ја допреш главата на Царот Христос, Јагнето Божјо Кое ги зема гревовите на светот.

Моли Го Него за мојата грешна душа, да можам барем од сега – во единаесеттиот час, да го понесам благиот товар и да примам плата со последните.

О Крстителу Господов, чесен Претечо, последен пророку, прв маченику, наставнику на посниците и пустиножителите, учителу на чистотата и секогаш ближен на Христа пријателу, тебе те молам, кон тебе прибегнувам, не одбивај да ми помогнеш, туку подигни ме паднатиот поради многу гревови, обнови ми ја душата со покајание како со второ крштевање, зашто си зачнувач и на едното и на другото:

Преку крштевањето – перејќи го прародителскиот грев, а преку покајанието – очистувајќи секакво лошо дело; очисти ме, осквернетиот од гревови и воведи ме таму каде што ништо нечисто не влегува – во Царството Небесно.

Амин!