МOЛИТВА НА АНА – МАЈКАТА НА ПРОРОК САМУИЛ -Да не се фали богатиот со богатството свое…

МOЛИТВА НА АНА – МАЈКАТА НА ПРОРОК САМУИЛ -Да не се фали богатиот со богатството свое…

МOЛИТВА НА АНА – МАЈКАТА НА ПРОРОК САМУИЛ -Да не се фали богатиот со богатството свое…

ТРЕТА песна

Молитва на Ана

Мајката на пророк Самуил

(1. Цар. 2, 1-10)

И се молеше Ана и велеше: „Ми се зарадува срцето мое во Господ; се возвиши силата моја преку мојот Бог; широко се отвори устата Moja против моите непријатели, зашто се радувам поради спасението од Тебе.

Никој не е така свет како Господ; зашто нема друг, освен Тебе; и нема тврдина како нашиот Бог.

Не зборувајте повеќе толку горделиво!

Зборови дрски нека не излегуваат од вашата уста; зашто Господ е Бог на знаењето, и постапките Негови се одмерени.

Лакот на силните се прекршува, а слабите co сила се здобиваат.

Ситите работат за леб, а гладните почиваат.

Дури и неплодната раѓа седумпати, а многудетната изнемоштува.

Господ умртвува и оживува, одведува во пеколот, и повторно оттаму доведува назад.

Господ го прави човекот сиромав и богат, го понижува и го воздига.

0д прав го подига бедниот, од кал го крева сиромавиот, ставајќи го да седне co големците, и им го дава во наследство престолот на славата; зашто во Господ се столбовите на земјава, и Тој врз нив ja утврди вселената.

Ги услишува молитвите на молителот и ги благословува деновите на праведниот, зашто не е според силата човекот јак.

Господ ќе ги изнемошти оние што се препираат co Hero. Од небесата ќе згрми на нив. (Господ е свет.

Да не се фали мудриот co мудроста своја, да не се фали силниот co силата своја, да не се фали богатиот co богатството свое, туку секој, кој сака да се фали, нека се фали дека Го разбира и Го знае Господ).

Господ ќе ги суди краиштата на земјата, ќе му даде сила на Својот цар и ќе ja возвиши моќта на помазаникот Свој .

Пренесено од „Псалтир“