МОЛИТВА ЗА МИР!

МОЛИТВА ЗА МИР!

МОЛИТВА ЗА МИР

Човекољубив Господи, Боже на љубовта и мирот, побрзај и простри ја над нас Твојата моќна закрила.

Не допуштај раздорите и гневот да ги разделат народите

и направи да заживеат за мир во светот, благословен од Тебе,

зашто Ти ни заповеда да се љубиме еден со друг.

Осветли ги срцата на луѓето со светлината и љубовта.

Згасни ги непријателствата и отстрани ги причините за секое разногласие, расправии и војни.

Испрати го низ светлите небесни двери сончевиот мир и тој со љубовта нека завладее на земјата.

Не дозволувај гневот да го помрачува умот на Твоите слуги, вдахни им разум

за да не ги растураат силите свои за взаемно истребување,

туку за мир и прославување на Отецот и Синот и Светиот Дух,

сега секогаш и во вечни векови.

Амин

Пресвета Богородице, спаси нас!