МОЛИТВА ЗА РОДЕНДЕН

МОЛИТВА ЗА РОДЕНДЕН

МОЛИТВА ЗА РОДЕНДЕН

МОЛИТВА ЗА РОДЕНДЕН:

„ Ти благодарам,

вечен Боже,

што со твојата преголема милост

ме удостои да доживеам

до овој празничен ден,

со кој започнува новата година од мојот живот.

Ти се молам Господи,

дарувај ми здравје,

мудрост и послушание,

за да преуспевам уште повеќе во доброто

и да го одбегнувам злото!

Благослови го почетокот

на новата година

на мојата возраст

и сите денови на мојот живот

– за Твоја слава и мое спасение.

Aмин!