МОЛИТВАТА ДА НЕ ОДИ ВО ВЕТАР, НЕ ДА СЕ ВРШИ ТУКУ ДА СЕ ИЗВРШИ (Писма на Старецот)

МОЛИТВАТА ДА НЕ ОДИ ВО ВЕТАР, НЕ ДА СЕ ВРШИ ТУКУ ДА СЕ ИЗВРШИ (Писма на Старецот)

14 септември 1943 г.

Христос помеѓу нас!

Мала корист имаме ако само читаме и прашуваме како да се спасиме, но треба да почнеме да се трудиме, да работиме, да го чистиме своето срце од страстите. И вие сега знаете во што се состои духовниот живот. Вистински е часот да почнете! Господ нека ве измудри! И не заборавајте ме во своите свети молитви.

Јазикот на св. Исак е навистина тежок, но за нас уште потешка е неговата содржина, бидејќи бунарот е длабок, а нашето јаже кратко, па не можеме да ја дофатиме неговата длабока, чудесна, спасоносна вода.

Епископот Теофан ја составил молитвата на св. Исак за да ни помогне да го разбереме неговото спасоносно учење. Воопшто светите отци пишувале од своето искуство и чувства и нив ги разбираат само оние луѓе кои работат над своето срце.

Ви испраќам Божји благослов.

+++

7. 14 август 1945 г.

Христос помеѓу нас!

Го добив твоето уважено писмо и го прочитав co љубов.

Добро е што се стремиш кон духовен живот, но настојувај духот да не го гаснеш. Иако за вас во светот е потешко да го развивате духовниот живот, но на оние кои се стремат кон тоа, Господ ќе им помогне.

Св. Јован Лествичник се чуди на нашата духовна состојба:

„Кога за помошници во добродетелта ги имаме Бога и ангелите и светите угодници, а во гревот само лукавиот, зошто попрво се приклонуваме кон страстите и пороците, отколку кон добродетелта!” Прашањето останува отворено. Светителот не сакал да ни објасни.

Сепак може да се извлече заклучок, дека нашата природа, расипана co прародителската непослушност и светот co своите соблазни, му помагаат на ѓаволот, а Господ не ја попречува нашата самовласност.

Ние треба да тежнееме кон добродетелите толку колку што имаме сили, но истрајноста во добродетелите не е во наша власт, туку во власта на Господа. Господ не’ чува не поради нашите напори, но поради смирението. „Каде што се случил пад, таму претходела гордоста!”, вели Лествичник.

Ho Господ, според Своето милосрдие, ни дал покајание на нас немоќните, бидејќи нашата расипана природа е многу наклонета кон гревот. Запознавајќи ја до крајност co својот опит, светите отци не’ тешат. Тие во своите дела детално го изложиле начинот на борбата co гревот. Сега ти ја имаш книшката Невидлива борба, загледувај во неа почесто!

Што се однесува до твоето молитвено правило, сама одлучувај, само молитвата да не оди во ветар, не да се врши, туку да се изврши. Труди се co внимание.

Зарем не е подобро да се скрати правилото отколку да се исполнува co мачење и да се биде роб на правилото. Тоа не е моја мисла туку на св. Исак Сирин. И во Невидливата борба пишува за тоа, само не се сеќавам во која глава.

Твој недостоен сомолитвеник.

Од книгата „Писмата на Валаамскиот Старец“ (ќе продолжи…)