МОЛИТВИ НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН КОН БОГОРОДИЦА

Нема сомнение, Владетелке,

Ти со своите молитви ми даруваше живот,

барајќи од мене покајание, кое Ти Сама подај ми го мене, слугата твој,

зашто Ти си мое прибежиште и заштита.

Озари ме со светлината на Божествениот лик Твој за ноќе да Ти вознесувам славопој.

Дарувај ми Господарке, срце скрушено и солзи!

Дарувај ми потполно отпуштање на гревовите, како Жена Која во утробата го имала овоплотениот Бог!

Ноќе да те здогледам со мислениот вид Пречиста и тогаш ќе се зарадувам!

О, крепост моја, Надеж моја, слатка Виделина на слугата Твој!

Прими ја оваа молитва од скрвнавената уста моја!

Оваа ноќ нека биде ден на спасение на слугата Твој, Богоневесто!

&

Знам дека што и да посакаш, се` можеш пред лицето на Родениот од Тебе, кому му приличи секоја слава, чест и поклонение низ сите векови

Амин!