МОЛИТВИ ЗА ПОЧИНАТИ НЕКРСТЕНИ ДЕЦА ( Зa мртвородени и абортирани деца!)

МОЛИТВИ ЗА ПОЧИНАТИ НЕКРСТЕНИ ДЕЦА  ( Зa мртвородени и абортирани деца!)

МОЛИТВА на свети Стефан архиепископ Витлеемски

Господи, помилуј ги моите деца, кои умреа во мојата утроба, заради верата и солзите мои, заради твоето милосрдие, Господи, и не ги лишувај од Твојата божествена светлина!

МОЛИТВА од Синодикот на митрополит Григориј (Постников) +1860 г.

Господи Човекољупче, спомни ги душите на заминатите твои раби – младенци, кои умреле ненадејно и без умисла во утробата на нивните православни мајки – поради неразјаснети околности, или при тешко раѓање, или поради некакво невнимание, и поради тоа не ја примиле светата Тајна Крштение. Крсти ги, Господи, во морето на Твојата штедрост и спаси ги co Твојата неискажана благодат!

МОЛИТВА ЗА ДЕЦА УБИЕНИ ПРИ АБОРТУС

Господи, Човекољупче, спомни ги душите на твоите раби, коишто jac, нивната  недостојна мајка и убиец, заслепена од гревовното безумие и неверие, ги усмртив во својата сопствена утроба и co тоа ги лишив и од светата Тајна Крштение.

Крсти ги, Господи, во морето на Твојата штедросг и спаси ги co Твојата неискажана благодат!