Од книгата : ДА ЈА ПРЕТВОРИШ ТУЃАТА БОЛКА ВО СВОЈА – ПОУКИ НА СВЕТОГОРСКИОТ СТАРЕЦ ПАЈСИЈ од Отец Дионисиос Тацис

ЗА МОНАСИТЕ

1. Старецот рече:

„Нема да се оправда монахот којшто не се стреми кон сферата на сеопштата љубов. Наложено му е да излезе од своето мало семејство и да влезе во големото. Бог не бара од оној што е глава на семејството да достигне таква состојба“.

2. Старецот рече:

„Во манастирот не треба да го внесуваме светот со неговите навики, удопства и раскош“.

three. Старецот рече:

„Послушанието не треба да се прима како несреќа или како напорна работа.

Старецот или старицата коишто изговараат `да` или `не`, не се Диоклецијан. Ние треба да им бидеме благодарни што не` чуваат. Да нема противречување и непокорство“.

four. Старецот рече:

„Со излегувањето од светот, монахот своите блиски ги доверува на Бога и заборава за нив. Тогаш Бог се задолжува да им помага. На тој начин монахот излегува од своето мало семејство и влегува во големото семејство на Адам.

Тој не си спомнува за блиските, ниту посебно се моли за нив. Јас во лицата на сите луѓе гледам свои родители, браќа и роднини. Сум ги прекинал поранешните контакти. Кога јас не мислам за блиските, за нив мисли Господ“.

5. Старецот рече:

„Најголемиот мој непријател е моето е моето име. Тешко на монахот чиешто име ќе се прочуе, затоа што после тоа тој нема да има мир и спокој и луѓето ќе почнат да мислат за него нешта какви што во стварноста не постојат“.

6. Старецот рече:

„Еднаш дојдоа двајца католици, по професија архитекти, коишто ми изгледаа дека се добри момчиња. Ми рекоа дека православното монаштво ништо не придонесува, додека нивното монаштво развива голема мисионерска дејност.

Јас им објаснив дека мисијата на монасите е друга, различна од мисијата на клириците во светот. На крај им реков:

Ако ги изгаснеме светилниците на гребените, што ќе се случи со бродовите?

Монасите се како светилниците“.

7. Старецот рече:

„Монахот се оддалечува од светот не затоа што го мрази, туку затоа што го сака и на тој начин најмногу може да му помогне на светот во нештата коишто не ги решава човекот, туку се решаваат само по Божествено вдахновение“.

Подготви: М. Даниловска