Најдобриот подарок за Христа – поучна приказна

Pokajanie

Pokajanie / Pokajanie 14 Views

Најдобриот подарок за Христа –поучна приказна

Пред Божиќ 1994 год. во Русија, во еден дом за напуштени деца, пристигнала група христијани и децата за прв пат имале можност да слушнат за Бог и Божиќ.

Децата биле одушевени од Божиќните раскази од Библијата, го голтале секој збор. На крајот добиле боички и лист хартија со задача да го нацртаат “раѓањето Христово” (шталата, јаслите… како што виделе на сликата).

Таму било и едно момченце по име Мишo (кој имал 6 год.), кој го нацртал и покажал својот необичен цртеж. Тој нацртал пештера со животни и јасли во кои имало две бебиња. Учителките биле изненадени од овој цртеж и го запрашале Миша, зошто нацртал две бебиња.

Малиот Миша објаснил:

– Кога Марија го стави бебето во јаслите, Исус Христос ме погледна и ме праша дали јас имам каде да бидам. Јас му реков дека немам ниту мајка, ниту татко – немам никого.

Тогаш Христос рече дека можам да останам со Него.

Но, јас му реков дека не можам, бидејќи немам никаков подарок да Му подарам, како што Му донеле тројцата кралеви. Бидејќи беше зима, Исус лежеше на слама во јаслите, Му го понудив единственото што го имав прашувајќи го:

“Ако дојдам да легнам покрај Тебе да Те затоплам, дали тоа ќе биде добар подарок за Тебе?” И Христос ми одговори: ”

Ако ме затоплиш, тоа ќе биде најубавиот подарок кој било кога го имам добиено”.

И така јас влегов во јаслите, а Христос ме погледна и рече дека можам тука да останам со Него засекогаш. Додека Миша ја завршуваше својата приказна, низ неговиот образ се сливаше голема солза…

Ова сираче пронајде некого Кој никогаш нема да го остави…

Ние можеме да го напуштиме Бога, но Тој нас сигурно нема да не напушти. Иако некогаш ни се чини дека сме напуштени и сами, од Бога е, Тој го знае најдобриот пат за наше спасение.

На нас е да го препознаеме Божјото присуство, токму како и момченцето во приказната, во спротивно, роптајќи, нема да научиме, да бидеме безгрижни и здрави (души).

фотографија – Сиропиталиштето на епископот Лонгин