Најстрашно е кога се кажува возгласот: „ Пијте од неа сите…“, а до Светата Чаша од нив малкумина приоѓаат…!

Pokajanie

Pokajanie / Pokajanie 19 Views

„СО СТРАВ БОЖЈИ И ВЕРА ПРИСТАПЕТЕ…“

Архимандрит Порфириј Кавсокаливит е наш современик.

Живеел во Грција во XX век. Што всушност претставува благодатта Божја, старецот знаел, не од зборови, туку од своето животно искуство. Сиот свој живот, старецот ги учел луѓето на љубов и смирение, и тоа не само со зборови, туку и со пример.

После неговата смрт, многубројните духовни чеда ги собрале старечките поуки и сведоштва за чудотворната помош, во една книга, која ја нарекле „ Цветослов од поуки “.

На читателите денес им препорачуваме една беседа со отец Порфириј. Секако, ќе напоменеме дека ставовите на ова старче во поглед на Светата Причест не треба буквално да се применуваат, без благословот на духовникот. Но, неговите зборови всушност се тој „аголен камен“, на кој треба да се гради односот спрема  Богослужението и учеството во Светата Тајна Евхаристија.

Старецот беше натажен што верните по навика барале од свештеникот да се помоли за нив во олтарот, додека тие во храмот најчесто и не учествувале во заедничката молитва.

Тој велеше вака:

„Јас ги изнесувам даровите, а тие дури ни главата не ја подигаат. Го изговарам возгласот:

„Да стоиме мирно…“, а тие седат.

Јас ги благословувам, а тие мрморат помеѓу себе.

Но, најстрашно е кога се кажува возгласот: „ Пијте од неа сите…“,
а до Светата Чаша од нив малкумина приоѓаат.

За свештеникот – тоа е голема тага “.

– Преподобен, дали е потребно сите да се причестуваат?

– „ Тоа не го велам јас. Тоа го вели Господ:  „Сите!“ ( Матеј, 26, 27 ).

Можеби тој збор има некое друго значење, кое мене ми е непознато…?

Во свештеничката молитва постојат овие зборови:

„ И удостој нé, Владико, од Твојата моќна рака да ни го дадеш Твоето Пречисто тело и Чесната Твоја Крв, а преку нас и на сите луѓе. “

Секако, ова се однесува на оние христијани, кои не се под епитимија. Тие, претходно, треба да добијат благослов од својот духовник за Света Причест.

Како ќе се отстраниш од секојдневието, без божествената Причест, без Христа?

Си дошол во храмот, а си го изоставил најважното – Светите Дарови, а тие се сé. Тебе ти остана само нафората.

Знаеш ли што е светиот олтар? Тоа е нешто најдрагоцено што постои на земјата. Царските престоли, претстедателските фотелји, академските катедри – имаат помала вредност.

Светиот Престол е несогорлива капина. Тука слегува Христос, тука пребива Светиот Дух. Околу Престолот стојат свети Ангели. Колку величествена, страшна глетка!

Често се плашев дури и да го допрам Светиот Престол. Стоејќи пред ова чудо, ти слушаш како парохјаните, наместо да учествуваат во доживувањето на необичната Тајна, си шепотат и си зборуваат празни зборови.

А, кој го врши богослужението? Дали самиот свештеник или ерејот заедно со народот?

Зошто велиме „служба“?

Онака како што свештеникот стои во олтарот, исто така и народот треба да стои во храмот. Сконцентрирано, прибрано, потполно да му се предаде на Бога. Ние веќе во тие мигови не се наоѓаме на земјата.

„ Вие кои сте херувими и кои тајно се молите…“, ние, значи, се наоѓаме на небесата, пред Света Троица. „ Отложим попечение…“ ( да ги отфрлиме земните грижи…)…

“ Сите тогаш стануваме свештенослужители…О, голема милост Божја што нé удостојува тоа да го доживееме!

Ако веруваме дека пред нас се врши голема Жртва, тогаш должни сме да стоиме со „страв Божји“.

Ние треба да плачеме од среќа што Самиот Бог ни снисходи и од љубов спрема нас се принесува на жртва.

Ако ние во тоа не веруваме, зошто тогаш доаѓаме во храмот? Кого тоа го лажеме? Оние кои не доаѓаат во храмот, поискрени се. Дали ти, брате, одиш во филхармонија?

.
– „ Да преподобен, јас сакам да слушнам добар симфониски оркестар. Така се опуштам “.

– „ А, дали си чул некој таму да разговара? Сите молчат и се плашат да не пропуштат нешто. Што има поголема вредност?

Музичките звуци, кои само опуштаат, или присуството на Светиот Дух, Кој спасува!

Ако кралот или претседателот на државата те повика по име за да примиш дар од него, дали би можел да му го свртиш грбот и да му речеш:

„ Не сакам! “

Зошто тогаш не Му приоѓаш на Христа, Кој од Својата голема љубов, Себеси се принесува на жртва поради тебе, туку Му Го вртиш грбот и изговараш безначајни зборови. Види какви дарови, Он нам ни дава?  Самиот Себе.

Во храмот треба да молчиме, да го собереме умот и да зборуваме само со Бога…Бог нека ни даде сили да го издржиме тоа чудо. Па, всушност, и свештеникот и парохјаните би требале да умрат, бидејќи се наоѓаат толку близу до Тајната, која се случува пред нивните очи, така блиску до сонцето.

Но, милостивиот Бог ни ја јавува Својата доброта и милост. Слушај и ужасни се! Он, дури и умира во нашето ништожно присуство…“.

При овие зборови, од очите на старецот, тој вистински служител на Светите Тајни, потекоа солзи.

– „ После Светата Литургија ти излегуваш од храмот исполнет со мир, кој од тебе се излева, додека таа светлост се прелева на сé што те опкружува.

Ти во себеси Го носиш Христа. Ти си постанал Богоносец. Сето ова се содржи во зборовите на едена свештеничка молитва:

„ Дај ни нам, во понизност да Ти служиме Тебе…“.

МПЦ  ОА