НЕ, БОГ НЕ НЕ` ОСУДУВА…!

НЕ, БОГ НЕ НЕ` ОСУДУВА…!

Не, Бог не нè осудува; човекот е тој што го прави изборот.

Човекот заминува во вечноста заедно со неговите гревови.

Ако си бил прељубник, или алкохоличар, или си немал љубов во себе, така и ќе заминеш таму.

Тука, на земјата, можеш да ги задоволиш своите страсти, можеш дури и да убиеш некого за да се задоволиш себеси.

Човекот ја задржува секоја грешна склоност дури и во оној свет. Само што, таму не ќе може да ја задоволи оваа склоност.

За грешникот, токму ова се „адските маки“.

Не се работи за „казна“; човекот бива измачуван од сопствениот избор.

Бог не ни го нуди пеколот.

Бог ни вели:

„Дојдете и станете наследници на Царството Небесно“; човекот е оној кој внатре во себе го носи пеколот.

Ова значи дека нашиот пекол и нашиот рај ги создаваме ние, на земјата…

старец Петрониј