Не тагувај…

Не тагувај…

Да Му се молиме на Господ кога ќе нѐ снајдат демонска тага, страдање, болест или несреќа.

Да се свртиме кон Него со солзи, без никакава вознемиреност и грижа, за да се извлечеме од несреќата, бидејќи нема тага која се надвиснува над нас без Божја промисла.

Да го засакаме тесниот и страдален пат на спасението, зашто тој нѐ воведува во небесното Царство.

Затоа, да не ги избегнуваме опасностите, несреќите, неволјите и тагите, туку мажествено да истрпиме сѐ што е тажно, тешко и непријатно, додека не стигне Божјата помош.

На подвижникот и Божјиот светител му е својствено да остане силен во секоја тага, односно своето срце да го положи на цврсто тло, а не да биде непостојан како песок.

Овој живот, кој се врти како тркало, е привремен и за него не важат некои посебни правила. Понекогаш пред човекот се покажуваат светлата на иднината и почестите, но не ги примај при срце.

Понекогаш луѓето нѐ прогонуваат, но ти не тагувај.

Понекогаш тагите и страстите доаѓаат од демоните, ни тогаш не тагувај.

Сето тоа ни се случува заради нашето спасение. Покрај тоа, таквата состојба престанува кога Тој ни ја испраќа Својата благодат, која треба да нѐ укори и помилува.

Слава Ти Боже! Сега, секогаш и во сите векови. Амин!

Свети Паисиј Величковски