НЕБЕСНИТЕ ЧУДА НА СВЕТИ НИКОЛАЈ (IV и V дел)

Example User · 3 years ago

    7 minutes, 41 seconds


 

IV

Во антиохискиот крај, близуСарацените, живееше еден добродетелен и богобојазлив човек, по име Агрик, и имаше син единец, Василиј. Агрик беше украсен со благодатта Божја и изобилуваше со големо богатство, и имаше голема вера и љубов кон светиот отец Николај Чудотворецот. Секоја година тој свечено го прославуваше празникот на свети Николај и поставуваше две трпези: една за сиромасите, а друга за пријателите, соседите и останатите. Недалекуод градот Антиохија се наоѓаше црква посветена на светиот отец Николај. Тамусекоја година за празникот на свети Николај се собираше многународ. Една година за тој празник навали многуброен народ кон светата црква. Побожниот Агрик го испрати својот син Василиј со слугите, велејќи муна синот:
„Оди, чедо, во црквата на свети Николај и постапи онака како што си се научил од нас поранешните години: вечерната богослужба отстој ја со страв и срдечност, така и целата утрена и Божествената Литургија, па потоа врати се дома на ручек. Ајас и мајка ти ќе подготвиме сè што е потребно за сиромашните.“
Откако ги ислуша внимателно зборовите на својот татко, Василиј со радост отиде в црква. Но за време на утринската богослужба налетаа Сарацените, ја опколија црквата и ги заробија сите мажи, меѓунив и Агриковиот син Василиј. И сите како робови ги однесоа на островот Крит. ТамуВасилиј, како мошне убаво момче, Сарацените муго дадоа на кнезот Амир. Останатите робови, пак, едни ги продадоа, а дру¬гите ги затворија в затвор. Сараценскиот кнез го одреди Василиј да го двори и да муслужи лично нему.
Кога слушнаа за ова, родителите на Василиј удрија во плач и липање, и наместо радосно празнување нив ги постигна тажно чемреење. Обземени од тага тие две години не го празнуваа празникот на светиот отец Николај, тукусè везден плачеа и солзи ронеа, и вака зборуваа:
„Мил наш сине, не те гледаме ние сега со врсниците твои и со раце не те прегрнуваме, и со усни не те целиваме. Подобро ќе беше на постела болен да те негувавме, на раце да те подигавме и превртувавме, отколкушто падна во раце на незнабожни луѓе. И смрт да те снајдеше, со радост ќе ì го предадевме твоето тело на земјата. И немаше срцето вака да ни се кине.“
На ваквото нивно тажење и лелекање се собираа кај нив роднините и соседите да ги тешат во болката и јадот. И тешејќи ги, им говореа:
„Зошто сте толкумалодушни во тагата? Зарем не ви е познато какви многубројни чуда и на копно и на море прави чудесниот светител Николај? Тој избавува од меч и од секоја незаслу¬жена смрт; избавува и од ропство.“
Слушајќи ги тие зборови од своите блиски, Агрик донекаде се утеши, па ì рече на својата жена:
„Каква корист имаме волкушто плачеме? Ете, веќе трета година како лелекаме; заборавивме и на празникот на светиот отец Николај и не отидовме кај него за празникот. Тукупослушај ме сега: ајде да подготвиме свеќи, елеј и темјан, па да појдеме кај светителот и да мусе помолиме со вера, да нè утеши во тагата по нашиот син Василиј и да нè охрабри со надеж. Зашто тој може да ни го врати синот или нас на некој начин да нè извести дали е жив или мртов.“
Штом го чутоа, жената мурече:
„Добро велиш, господине, да направиме како што предлагаш, бидејќи скоро ќе биде и празникот на светиот отец Николај.“ И така направија: со радост поитаа во црквата на свети Николај. И како што прилега го отпразнуваа празникот, па се вратија дома. Во својот дом приредија вечера, на којашто беа повикани нивните роднини и сите поблиски соседи. И почнаа да јадат и да пијат славејќи Го Бога и спомнувајќи ги чудата на светиот отец Николај. Во тоа време почнаа силно да лаат ку¬чињата во дворот. Агрик им рече на своите слуги:
„Одете и видете зошто толкулаат кучињата; да не има некоја ѕверка или нешто друго?“
Слугите излегоа, но ништо не видоа, а кучињата и натамупродолжија силно да лаат. Тогаш Агрик зеде светилки и со останатите појде да види што е тоа. И здогледаа во дворот човек во сараценска облека. Се исплашија и не знаеа кој е. Акога пријде Агрик поблиску, виде момче со чаша полна со вино во раката. И го гледаше ништо не зборувајќи, сиот обземен од страв и радост. Скаменет, тој најпосле одвај прозборе:
„О чедо мое, Василиј! Навистина ли те гледам тебе? Ти ли си или твојата сенка?“ Момчето Василиј одговори брзо:
„Јас сум, татко, твојот син единец когошто Сарацените го заробија и го одведоа на Крит како роб.“
Кога го слушна тоа, Агрик летна, го прегрна синот и почна да го бакнува, и го прашуваше:
„Чедо мое миличко, кажи ми, како побегна од рацете на безбожните Сарацени? Со кого се посоветува, чедо, за тоа? Ајде, кажи муна тато.“
Асинот мурече на таткото:
„Татко, не знам што да ти одговорам. Но ова единствено го знам: сега го прислужував кнезот сараценски на вечерата. Бидејќи кога ме заробија и ме одведоа на Крит, тамуме дадоа на сараценскиот кнез Амир. И од тоа време Амир ме одреди да го служам со вино, стоејќи пред него за време на трпезата со чаша полна со вино, како што и сега, татко, ме гледаш. И ете, не знам каква сила ненадејно ме зеде и со оваа чаша којашто сè уште ја држам в рака како со некој ветар ме пренесе и ме постави овде, и видов како на ова место ме поставува великиот свет отец Николај.“ Штом го чутоа, Агрик се исполни со радост заради големото чудо, го зеде сина си за рака и ì го предаде на неговата мајка. Атаа, кога го виде синот, од радост плачеше и многуумилни зборови мукажуваше, и прегрнувајќи го непрестајно го бакнуваше, а вака зборуваше:
„Сега те гледам, премило чедо мое Василиј. Сега неочекувано со своиве раце те прегрнувам. Сега, чедо мое сакано, те имам тебе, утехо на душата моја! Сега сите таги на моето мајчино срце се расточија, зашто, еве, во своите раце ги држам сите богатства.“
Кога за тоа слушнаа луѓето од околните места, брзо се собраа да се радуваат и да се веселат заради неискажливото чудо. И приредија чесна прослава во чест на светиот и велик отец Николај Чудотворец, славејќи Ја Пресвета Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин.

 

V

Еднаш во Киев на празникот на светите маченици Борис и Глеб многународ се собра од сите градови и села заради празникот. Еден киевјанин кој имаше голема почит кон свети Николај и кон светите маченици Борис и Глеб седна на кораб за Вишгород за тамуда се поклони на гробот на светите маченици Борис и Глеб, а имаше со себе понесено свеќи, темјан и просфори, сè што е потребно за достојно празнување. Откако се поклони на моштите на светите и душата своја ја исполни со радост, тој тргна со коработ назад дома. За време на патувањето по реката Дњепар, неговата жена којашто држеше дете во рацете задрема и го испушти детето во водата, а тоа потона. Таткото почна да си ја кубе косата на главата, офкајќи:
„Тешко мене, свети Николај, затоа ли имам толкуголема вера кон тебе, за да не го спасиш моето дете од потопување! Кој ќе биде наследник на мојот имот? Кого ќе го научам свечено да го прославува твојот празник? Како ќе го јавувам твоето големо милосрдие што го излеа на сиот свет и на мене бедниот, кога моето дете се удави? Јас сакав да го воспитам просветувајќи го со чудата твои за после мојата смрт да ме фали мојот пород празнувајќи го свети Николај. Но светителу, ти ме нажали не само мене, тукуи себеси, зашто јас наскоро ќе морам да престанам да те прославувам во мојот дом, зашто сум стар и го чекам крајот. Да сакаше, можеше да ми го спасиш детето; но ти допушти тоа да се удави и не го спаси моето единче. Или сметаш дека не знам за твоите чуда? Та ним им нема број и јазикот човечки не е во состојба да ги раскаже. И јас, свет отецу, верувам дека ти можеш сè што ќе посакаш, но моите беззаконија претежнаа. Дури сега, раскинуван од жалоста, сфатив дека сета твар ќе ми се покоруваше како на Адам во Рајот пред гревот да ги држев беспрекорно Божјите заповеди. Асега сета твар станува на мене: водата потопува, ѕверот растргнува, змијата проголтува, молњата изгорува, лебот даден за храна не нè насити и, според волјата Божја, ќе ни биде на погибел. Ние, надарени со душа и разум и создадени според сликата Божја, не ја исполнуваме, сепак, како што треба волјата на својот Создател. О, оче свети Николај, немој да се разгневиш на мене што зборувам вака смело, бидејќи јас не ја губам надежта на спасение, имајќи те тебе за помошник.“
Неговата жена, пак, си ја кубеше косата и се удираше по образите. Најпосле, тие стасаа до градот и ужалени влегоа во својата куќа. Настапи ноќ, и тогаш архиерејот Христов Николај, брз на помош на сите што го повикуваат, направи прекрасно чудо, какво што немало порано. Ноќе тој го извади од реката удавеното дете и го положи живо и неповредено на хорот од храмот Света Софија. Кога дојде време за утринската богослужба, еклисијархот влезе во црквата и слушна детски плач на хорот. И долго стоеше размислувајќи кој ли пуштил жена таму. Потоа отиде кај оној што го одржуваше редот на хорот и почна да го прекорува. Овој се правдаше дека ништо не знае. Но еклисијархот го прекоруваше:
„Фатен си на дело, зашто деца врескаат на хорот!“
Овој се исплаши, а кога пријде виде дека катанецот е недопрен и слушна детски глас. Кога се качи на хорот, тој здогледа пред иконата на свети Николај детенце, сето накиснато од вода. Не знаејќи што да мисли, го извести за ова митрополитот. Откако отслужи утрена, митрополитот испрати да го повикаат народот на плоштадот и да прашаат чие детенце лежи на хорот во црквата Света Софија. Сите граѓани отидоа во црквата, чудејќи се од каде би можело да се најде на хорот дете мокро од вода. Дојде и таткото на детето да го види чудото, и штом го здогледа, го позна. Но не верувајќи си себеси, тој отиде кај својата жена и ì раскажа сè по ред. Атаа веднаш почна да го прекорува, велејќи:
„Та како не разбираш дека е тоа чудо направено од свети Николај!“
Мајката веднаш отиде в црква, го позна своето дете и пред и да го допре, падна пред иконата на свети Николај и го молеше со умиление и солзи. Амажот, стоејќи подалеку, ронеше солзи. Штом слушнаа за тоа, сите дојдоа да го видат чудото. И се собра сиот град, славејќи Го Бога и светителот Николај. Амитрополитот приреди чесен празник, каков што се прави на денот на празнувањето на свети Николај, и Ја прославија Пресвета Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.

Издавач:
Скопска Епархија
Библиотека КЛУЧ
Уредник:
Презвитер Игор Калпаковски
Превод и подготовка:
Сестрите од манастирот „Свети Никола“
с. Љубанци, Скопје
Корици и техничко уредување:Презвитер Игор Калпаковски
Печати:
Архиепископска печатница „Синај“
Тираж:
3000


Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost-2/zhitija/877-nebesnite-chuda-na-sveti-nikolaj-iv-i-v-del

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Преподобен Теофил Струмички, моли се за нас оче свети! (23. октомври)

Преподобен Теофил Струмички Блажениот Теофил се родил од побожни родители во близината на градот Тивериопол, денес Струмица, Македонија. Имал добра и кротка природа. А кога наполнил тринаесет години, станал послушник на преподобниот старец Стефан. Старецот три години го поучувал на стравот Божји и г...

Image Description
3 years ago

Митрополит Методиј: Божиќно послание 2020

Возљубени духовни чеда, Срдечно ве поздравувам со Радосната Вест на раѓањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос – Христос се роди! Овој светол празник е предвестител на спасителните собитија преку кои Творецот го избави своето создание. Христовото Рождество ни ја најавува радоста на почетокот...

Image Description
3 years ago

„Непријателот најдобро се поразува со љубезност“ (19. недела по Педесетница)

„Туку вие љубете ги непријателите свои…“ (Лука 6, 31 – 36) Деветнаесетта недела по Педесетница Лакмусовиот тест на љубовта не е дали ги љубиме своите пријатели, туку дали ги љубиме своите непријатели. Еден голем руски светител прашал: „Како знаеме дали човек пребива во Бога и е искрен во својата хри...