image

Недела на Самарјанката и „Св. вмч. Георгиј“, освет на манастирска кујна во Ораовица - радовишко

На 06. 05. 2018 година, 5 – та Недела по Воскресение на Самарјанката, Св. вмч. Георгиј – Ѓурѓовден и шеста година од осветувањето на манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Ораовица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во манастирска црква „Св. вмч. Георгиј“ во с. Ораовица – радовишко, ктиторско дело на г. Николајчо Николов со семејството, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, отсужи Света Архиерејска Литургија, одража пригодна беседа и го благослови празничниот леб. После светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион ја освети новата кујна при манастирскиот комлекс

изградена по сите хасап стандарди, ктиторско дело на г. Николајчо Николов со семејството. На светата литургија, покрај многубројниот народ присуствуваа и Градоначалникот на Општина Радовиш г. Герасим Конзулов, г. Николајчо Николов, ктитор на манастирскиот комлекс Св. вмч. Георгиј – с. Ораовица како и други Јавни и Опшествени личности.