Некој тој „побожен“ човек го убедил дека Бог е таму кајшто е религијата…!

Pokajanie

Pokajanie / Pokajanie 6 Views

Црквеноста би требало да ослободува.

Меѓутоа, така како што е денес интонирана, таа не ослободува, туку поробува, стеснува, осиромашува.

Човек почнува да се занимава со „стариот“ и „новиот“ календар, епископски сплетки или, пак, со сладуњава побожност.

Духовноста почнува да ја сфваќа како обврска да чита некои таму исчадени, сиромашни книги, ужасна реторика, секакви брошури за чуда и чудотворни икони, разноразни сомнителни „попски приказни“, и сето тоа време да разглобува побожни теми.

Наместо да го учи на својот поглед на светот и животот, Црквата го учи да гледа во неа самата.

Наместо на нов начин да се прифати себеси и својот живот, тој мисли дека е должен на себе да го навлече прслукот на таканаречената „побожност“ – безличен, исчаден, натопен со ужегнато посно растително масло.

Наместо макар да знае што е радост, светлина, смисла, вечност, тој станува раздразлив, тесен, нетрпелив, многу често, напросто, зол, и дури не се ни кае заради тоа, зашто, во име Божјо, па тоа е од „црквеноста“. <…>

Некој тој „побожен“ човек го убедил дека Бог е таму кајшто е религијата, и затоа сè што не е „религија“ тој почнува да го отфрла, презриво и самозадоволно, не сваќајќи дека единствена смисла на религијата е „сето тоа“ да го исполни со светлина, да го „упати“ кон Бога, да го претвори во заедништво со Бог.”

протопрезвитер Александaр Шмеман, Дневник, 21. фебруар 1974.

&