НОЌТА ВО ГЕТСИМАНИЈА –  На Велики четврток…

НОЌТА ВО ГЕТСИМАНИЈА – На Велики четврток…

НОЌТА ВО ГЕТСИМАНИЈА –  На Велики четврток…

НОЌТА ВО ГЕТСИМАНИЈА

Ноќта меѓу 6 и 7 април

He било обичај да се напушта домот во ноќта за време на пасхалната трпеза, но Исус го прекршил ова правило, веројатно грижејќи се за учениците.

Во куќата тие лесно можеле да бидат уапсени заедно co него. He e исклучено дека Јуда првин се убедил дека куќата е празна, a дури потоа ја одвел стражата во градината кај Кедрон, каде што Учителот честопати осамувал co Дванаесетмината.

По патот Христос продолжил да ја води беседата co учениците. Им ја објаснувал смислата на таинството на Чашата кое ги соединило причесниците во единствена целина.

,Јас сум вистинската лоза ~ рекол Господ. Мојот Отец е лозарот и секоја прачка во мене која не дава плод, ќе ја исече: и секоја која дава плод, ќе ја очисти, за да донесе повеќе плод…

Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во мене. Јас сум лозата, а вие прачките.” (Јован 15,1-2; 4-5).

Исус им говорел и за Светиот Дух – Застапникот и Утешителот, чија сила ќе ги преобрази апостолите кога Синот човечки нема да биде co нив. „Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите. А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати во секо]а вистина”. (Јован 16,12-13).

Ha Црквата и’ претстои, како и на Христос, да мине низ крштавање co тагата, да ja испие чашата на страдањата. Ho разделбата ќе биде привремена. Учениците не смеат да жалат поради разделбата од Христа.

Тој ќе се врати. „Вистина, вистина ви велам дека вие ке заплачете и ќе заридате, а светот ќе се зарадува, и вие ќе бидете натажени, но жалоста ваша ќе се претвори во радост.

Жена кога раѓа има болки, оти и дошло времето нејзино, но штом го роди детето, од радост не ги помни веќе болките, бидејќи се родил човек на светот. Па така и вие, сега сте нажалени, но Јас пак ќе ве видам и ќе се зарадува срцето ваше и радоста ваша никој нема да ви ja одземе; и во тој ден вие нема да ме прашате за ништо.” (Јован 16, 20-23)

Пратениците на Месијата се избрани за голема служба и Он ќе ги приведе во царството на Отецот: „Отецот самиот ве милува, зашто вие ме засакавте мене и поверувавте дека Јас сум излегол од Бога. Излегов од Отецот и дојдов во светот; сега пак го оставам светот и одам при Отецот.” (Јован 16,27-28)

Ha апостолите им се причинило дека започнуваат да прогледуваат, да ја спознаваат тајната на Христос.

– Еве, сега отворено зборуваш и никаква парабола не кажуваш. Сега знаеме дека знаеш се’ и нема потреба ни кој да Те прашува (т.е. подложува на испитувања, како што го испитуваат оној во чијашто мудрост постои сомневање).

Поради тоа веруваме дека од Бога си излегол.

– Сега ли верувате? – рекол Исус. – Ете, иде часот, и настапува веќе, кога ќе се разбегате секој при своите, a мене сам да ме оставите. Но Јас не сум сам, бидејќи Отецот е co мене. (Јован 16,29-32)

Тешки се овие зборови на Исус, но co нив Тој сакал да ги поткрепи апостолите. „Во светот ќе имате маки, само не бојте се, зашто Јас го победив светот.” (Јован 16, 33)

Кога поминувале покрај Храмот, Исус застанал. Немо стоеле темните грамади на тврдината и на светилиштето. Наутро овде ќе се врши богослужба, илјадници луѓе ќе ги донесат пасхалните јагниња пред олтарот. Но заспаниот град ниту насетувал дека оваа ноќ покрај ѕидинпте на Божјиот Дом, опкружен од единаесет Галилејци, се моли вселенскиот Првосвештеник и Спасител.

Го моли Отецот да го зачува неговото мало стадо од светот, непријателски расположен кон нив. „Но не се молам само за нив – се молел Тој подигајќи го погледот кон небото, туку и за оние коишто по нивните зборови ќе поверуваат во мене, за да бидат сите едно, како што Ти, Оче, си во мене и Јас во Тебе; па така и тие да бидатвонаседноида поверува светот дека Ти ме прати”. (Јован 17, 20-21.)

„Идниот храм” на Христовата бил осветлен од зраците на Божјото Триединство…

Bo Ерусалим до наше време се зачувани истриените скалила на старите камени скали. Можеби токму по нив се спуштал Исус, упатувајќи се кон Елеон. Минувајќи го потокот Кедрон, Тој не тргнал кон Витанија, туку претпочитал да остане во Гетсиманската градина. Тоа бил мал приватен имот, заграден co ѕид, во кој растеле маслинови насади.

Сребрената светлина на месечината паѓала врз лисјето и блескала на искривените стебла на дрвјата. Ништо не го нарушувало мирот на студената пролетна ноќ.

Учениците, влегувајќи зад оградата, почнале да се подготвуваат за почивка. „Поседете тука, додека отидам онаму да се помолам” – им рекол Исус на учениците, покажувајќи кон градината. (Мат. 26, 36)

Петар, Јован и Јаков, кои ги повел co себе, не можеле да не ја забележат промената во Учителот. До неодамна бил исполнет co сила и просветлен спокој, а сега целиот негов лик искажувал неизмерливо страдање.

„Смртно е нажалена мојата душа – рекол Он, останете тука и бидете будни co мене?” (Мат. 26, 38).

Првпат апостолите почувствувале дека Нему му треба човечка поддршка, но не биле во состојба молбата на Исус да ја исполнат. Како што тоа се случува во моменти на крајна вознемиреност, ги вкочанила дремка слична на парализа.

Христос, тргајќи се настрана и паѓајќи на колена, почнал горешто да се моли. Учениците биле во близина, како што сведочат евангелијата, на растојание на фрлен камен, и некои од зборовите на Исус допирале до нив.

„Оче мој, ако е можно, нека ме одмине оваа чаша. Ho не како Јас што сакам, туку како Ти!”. (Мат. 26,39)

Он се молел. Апостолите спиеле.

Ha улиците на Ерусалим се слушале чекорите на стражата.

Што доживувал Синот Човечки лежејќи на студената земја?

Можел ли тоа да биде природен страв пред маките и смртта? Ho тоа го победувале и послабите од Hero. Зошто ce поколебал Оној кој ќе биде потпора за милиони луѓе?

Нам не ни е дадено да проникнеме во длабочините на смртната борба, чијшто сведок била старата маслинова градина. Но оние, на коишто Исус им се открил во љубов и вера, го знаат најбитното:

Тој страдал за нас. Тој ја собрал врз себе болката и проклетството на вековите, мракот на човековиот грев, го преживеал ужасот на адот и напуштеноста од Бога. Го опкружувала ноќта без надеж. Христос доброволно се спуштил во пропаста, за слегувајќи во неа нас да не изведе оттаму кон незгасливата светлина…

Што ли минувало пред неговиот внатрешен поглед?

Сликите од иднината? Прогони, војни, насилства? Отстапништвата на неговите следбеници, нивната неблагодарност и слабата вера, нивната жестокост и лицемерство?

Тоа било искушение потешко од оние на кои бил подложен во пустината. Никогаш дотогаш човечкото сознание на Христос co толкава сила не му се спротиставувало на крстот што го очекувал, како во часот на молитвата во Гетсиман. Ете зошто Тој ги замолил саканите ученици да не го оставаат.

„Симоне, спиеш ли? – Исус се обидел да го разбуди Петра. He можеш ли еден час да бидеш буден?” (Марко 14, 37). Тој се кренал, го видел лицето на Учителот, измачено, покриено co капки како би крвав пот, но дремката одново го совладала. И другите обиди биле залудни.

Така, напуштен од сите, Исус страдал сам, наспроти мракот. Евангелистот Лука вели дека не наоѓајќи поддршка на земјата, Он ја стекнал во небото: „И му се јави ангел и го поткрепуваше” (Лука 22,43).

Најпосле Исус станал. Љубовта кон Отецот победила и ја зацврстила во него согласноста мегу човечката и Божјата волја. Новиот Адам (Христос) го победи проклетството на непослушанието на стариот Адам.

Сега Исус го загрижувале само апостолите. Приоѓајќи им, ги натерал да го победат сонот.

„Зошто спиете? Станете и молете му се на Бога, за да не паднете во искушение!.. Станете да одиме! Ете, наближи оној што ме предава!” (Лука 22,46; Матеј 26,46). Апостолите станале, збунето осврнувајќи се.

Bo тој момент градината се наполнила co светилки и факели, се слушнале гласови и бука. Покрај влезот на маслиникот се појавила толпа луѓе. Пред нив одел римски офицер co војници, а зад нив вооружената стража на Храмот.

Исус им тргнал во пресрет.

– Кого барате? – прашал Он.

– Исуса од Назарет.

– ЈАС СУМ, одговорил Исус co светата формула на Божјото име.

Јудејската стража, слушајќи го тоа, се тргнала настрана. Он, пак, рекол:

– Ако ме барате Мене, оставете ги овие да си одат.

Тогаш Јуда излегол напред. Тој ветил оти ќе даде знак, за при апсењето во ноќната градина да не се погреши.

– Те поздравувам, Рави! – рекол тој, бакнувајќи го Учителот.

– Пријателе, зошто си дошол? – рекол Исус. Co целив ли го предаваш Синот Човечки?

Стражата веднаш го опколила Христос.

– Господи, да удриме ли co меч? – рекол Петар и, не чекајќи одговор, се нафрлил врз едниот од стражарите кои веќе почнале да го врзуваат Учителот. Нападот бил невешт, рибарот само му отсекол уво на стражарот.

– Оставете го тоа, запрете! – им рекол Исус на апостолите. Зар да не ја испијам чашата што ми ја даде Отецот?

Тогаш се свртел кон одредот. „Како на разбојник излеговте co мечеви и колови, за да ме фатите? Секој ден бев co вас во Храмот и не кренавте рака на мене. Но сега е вашето време и власта на мракот.”

Можеби учениците очекувале тој миг да се случи чудо, но чудо немало.

Грубите раце го врзувале Исуса co јажиња.

Јуда, плашејќи се дека буката ќе привлече непотребни сведоци, што можело да покрене бунт, ги побрзувал војниците:

„Фатете го и водете го на сигурно”. Потоа се обиделе да ги уапсат и останатите, но тие се разбегале, користејќи го мракот и општата бркотија.

Кога го воделе Исуса надвор од градината, се’ било навидум мирно. Замислата на непријателите се остварувала. Ho, неочекувано се појавил некојси младич.

Тој одел позади, завиткан во платниште. Стражарите, мислејќи дека тоа е некој од учениците, го фатиле, но младичот се оттргнал и, оставајќи го платништето во нивните раце, побегнал гол.

Ce чини дека тој штотуку бил станат од постела. Можеби Toj младич бил самиот Јован – идниот евангелист Марко? Само тој го спомнува овој детаљ.

Според словенската верзија на „Војната” на Јосиф Флавиј, при апсењето на Исус загинало мноштво народ. Можеби во близината се нашле некои Галилејци, кои на правиле обид да го спасат Учителот?

Но евангелијата без никакво ублажување велат дека кога го фатиле Исуса, сите негови пријатели избегале. Кога го виделе Учителот, кој покорно дозволил да го одведат, нив ги фатила паника и тие заборавиле како ветувале дека ќе го следат и во смртта.

Само Петар и Јован, доаѓајќи на себе по првата возбуда, се осмелиле да ја следат стражата на безбедно растојание.

Пренесено од книгата “Христос” од протопрезвитер Александар Мењ