Le_24feb_a_11h23_-_Ste_Sophie_(1280x1280)Министерството за образование и верски прашања на Турција воведе  измена на законодавството за Грчкото православно свештенство. Новиот закон стапи на сила на 1 март 2013 година.

&

Православните свештеници во Турција, кои се во клирот на Цариградската Патријаршија, сега материјално-финансиски ќе зависат од државата. Сите свештеници ќе бидат назначени во грчките православни парохии под раководство на Дирекцијата за Верски прашања на Турција, а со согласност на петчлената комисија, составена од претставник од Министерството за надворешни работи на Турција, претставник на Министерството за внатрешни работи и тројца православни теолози.
Во врска со оваа одлука, телеграма на благодарност до турската влада испратија грчките партии „Нова демократија“, „ПАСОК“, „Независни Грци“ и „Златна зора“, соопштува агенцијата „Romfeya“.

Повеќе ...