Причината е, најјасно кажано, нашата желба за „царство овоземно”, наместо Царство Небесно. Нели го забележуваме тоа суптилно тежнеење внатре во нас, почнувајќи од себе и од нашето најтесно семејство, па сѐ до најшироката заедница, да создадеме некакво „земно царство” на сладости – и тоа по наша мерка; и нели забележуваме дека колку повеќе се трудиме, толку повеќе тоа „земно царство”