ОТКРИВАЊЕТО НА ПОМИСЛИТЕ И ИСПОВЕДТА НА ВЕРНИЦИТЕ

Example User · 3 years ago

    3 minutes, 21 seconds


 3.angeli.so.truba

Дали е задолжително да се исповеда кај свештеник пред секоја Причест? Што да се направи, за исповедта да не стане формална? Кои настани од животот на верникот треба да бидат осветени со благослов од свештеник? Зошто не треба да се брза со изборот на духовник? Како да се одбегне духовната „подвоеност“? Овие и други актуелни прашања се разгледуваат со претседателот на Синодската комисија за канонизација на светии, викарот на Свјатејшиот патријарх московски и на цела Русија Кирил, намесникот на Спасо-Преображенскиот Валаамски манастир, епископот Троицки Панкратиј


– Владико, денес можат да се слушнат различни гледишта за исповедта: дали таа треба да биде честа или ретка, редовна или само во случај на паѓање во тешки гревови… Кој пристап, според Вас, е најправилен?


Мислам дека сега настапи таков период во животот на нашата Црква, кога овие прашања се искусуваат со живот. Праксата од пред половина век или од Синодската епоха веќе не се восприема многу – денес, по правило, луѓето се причестуваат почесто. Па и самиот живот многу се промени. Претходните пристапи и решенија веќе не можат да ги организираат луѓето, затоа се изработуваат нови – и тоа во вакви дискусии. Многу е добро тоа што има размислувања, тоа што луѓето осознаваат, мислат, расудуваат.
Сметам дека тие прашања, на крајот на краиштата, ќе го најдат своето решение и се надевам дека ќе бидат утврдени во некакви задолжителни правила. Сега не е време да постои еден шаблон: да се причестува или исповеда толку пати во толку денови. Освен тоа, строги канони во врска со ова и не постојат – има различни пракси, разни обичаи. Треба да има одреден степен на слобода во тоа најважно прашање. Секој човек со помош на својот духовник го решава него на свој начин. А и дело на парохјанинот е да го пронајде оној духовник што му е потребен и што ќе може да му помогне.

– Дали секое причестување треба да биде придружено со претходна исповед? Дали може да се причестува без исповед или ако исповедта се случила неколку дена пред Причеста?

3.angeli.so.truba


– Според мене, ако човекот не чувствува некакви тешки гревови што би го принудиле да побара полноцена исповед, тој не треба задолжително да се исповеда пред секоја Причест. Светата тајна Покајание е важно самостојно таинство, „второ крштение“ и недозволиво е да се сведува на некој задолжителен додаток кон Евхаристијата. Бидејќи исповедта често станува формална поради тоа, што човекот се навикнува на мислата: исповед е она што ќе го набројам пред свештеникот, а покајание е самиот факт на раскажувањето. Но, во најдобар случај тоа може да се нарече откривање на помислите. А многу често тоа е само разговор. Огнено и длабоко покајание пред Бога нема и човекот можеби и не обраќа внимание на него.
Треба да се знае дека покајанието не се случува само во моментот на исповедта. Покајанието е состојба на душата, тоа е решеност да се раскине со гревот и да се промени сопствениот живот. Тоа може да се случи во секој момент од животот. Често прашуваат: што да правам, ако дома се каев, плачев, а кога дојдов на исповед во срцето немаше ништо – едноставно суво се исповедав? Ништо страшно. Слава Му на Бога што дома си се покајал – Господ и тоа ќе го прими.
Ако така се разбира покајанието, тогаш станува јасно дека не е задолжително пред секоја Причест да се оди на исповед кај свештеникот. Ништо страшно, ако вие, причестувајќи се три или четири пати во месецот, се исповедате само двапати.

– Дали е полезна традиционалната пракса на исповед како откривање на помислите?


– Не мислам дека откривањето на помислите е секогаш полезно за лаиците. Исповедта на лаикот и монашкото откривање на помислите се сосема различни нешта. Монахот, според идеалот, треба на својот духовен отец да му ги открива сите движења на неговата душа и за сѐ да бара благослов. За лаикот тоа е невозможно, па и штетно. Чудно е кога жените ги прашуваат свештениците за она, што треба да ги прашуваат своите мажи: каде да одат на одмор, да се купи ова или она нешто, да се има ли повеќе деца…
 
Некои важни настани можат да се осветуваат со благослов на свештеник, но тоа не треба да биде определувачко и решавачко. Лаиците самите треба да ги решат прашањата, поврзани со нивниот живот.
Јас сум против тоа, манастирското старчество да се распространува на лаиците – тоа создава почва за таква опасна појава, како што е младостарчеството или, поточно, лажното старчество. Лаикот треба да ги знае основите на верата, да го чита Евангелието, да живее според него и во својот духовен живот да се ползува со советот на духовникот.


         Eпископ Троицки Панкратиј, намесник на Спасо-Преображенски манастир-Валаам

За Преминпортал подготви

Дејан Блажески

25тиоктомври 20202 лето Госповово

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/odgovori-na-sovremeni-problemi/23610-otkrivanjeto-na-pomislite-i-ispovedta-na-vernicite

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Отечки изреки (3)

Не барај совршенство во законот на човечките добродетели, зашто тој не е совршен во нив. Неговото совршенство е сокриено во Крстот Христов. свети Марко Подвижник Не чуди се што паѓаш секојдневно; не предавај се, туку застани храбро. И со сигурност ангелот што те пази, ќе го почести твоето трпение. с...

Image Description
3 years ago

Преподобен Јосиф Исихаст: Оној што се моли бара простување на гревовите, ја бара милоста Господова

 Благодатта секогаш му претходи на искушение, како едно известие за подготовка. Не е практика некој да се обиде и да се повлече, туку, кога некој се бори да победи, или да биде победен, да добие, или да загуби, да падне, или да стане, да има подвиг и борба до последниот здив. Се додека не излез...

Image Description
2 years ago

АСТРОЛОГИЈАТА И МАГИЈАТА ВО СВЕТЛИНАТА НА ПРАВОСЛАВНОТО УЧЕЊЕ

свештеник Родион Петроградски 1. ВОВЕД  Кога верата исчезнува, нејзиното место го зазема суеверието. Во тој поглед, човечката душа не ја поднесува празнината. Човекот е создаден според образот Божји (Бит.1,27), и од почетокот е насочен кон својот Творец. Но, кога ќе го загуби Бога...