Плодовите на прејадувањето !

Плодовите на прејадувањето !

Свети Јован Лествичник за прејадувањето:

“Кажи ми, мачителу на сите луѓе, како влезе во нас? Што предизвикуваш во нас?”

Тоа одговорило: Како се обидуваш да се ослободуваш од мене кога телесно сум врзан за тебе?!

Влегувам преку желбата за потреба од храна, а причина е навиката.

Основа на мојата страст е долговремената навика, душевното невнимание, заборавот за смртта.

Зошто сакаш да ги знаеш имињата на моите деца?

Нивниот број е поголем од морскиот песок. Мои првенци кои најмногу ги сакам се:

првородениот мој син – блудот,

вториот е гневот на срцето,

а третиот – сонливоста, коренот од лоши помисли, бранови и нечистотија, длабината од неискажливи гревови кои произлегуваат од мене.

Мои ќерки се: мрзливоста, многузборувањето,

дрското постојано смеење,

озборувањето, наглоста, осудувањето на ближните, горделивоста, непослушноста, нечувствителноста, самофалењето, љубовта за светски живот од која што се раѓаат:

нечисти мисли, нечисти молитви,

ненадејни, брзи и лоши заклучоци, и на крај – очајанието, како најстрашна од сите страсти.

Против мене војува чувството на грешност, но не ме победува.

Мислата за смртта страшно ме гони, но кај луѓето не постои нешто, со што потполно би ме убиле.

Отпорен е само тој кој го добил Утешителот на Духот и Нему Му се моли, а бидејќи умолен, не ми допушта страсно да делувам врз него.

Оние, кои не Го вкусиле Утешителот на Духот, секогаш сакаат да се насладат од мојата сласт!

Свети Јован Лествичник