Подобро е да живееш co ѕверовите, отколку co оние што се однесуваат лошо (Доброслов)

Подобро е да живееш co ѕверовите, отколку co оние што се однесуваат лошо (Доброслов)

ОД СВЕТИ ЕФРЕМ

1. БРАКА, треба да се чуваме од лош совет. Замислете си двајца пријатели, облечени во убава облека, кои во ист момент се движат по плоштадот.

Поради невнимание, едниот се сопнал и паднал в кал и ја уништил убавата облека.

Поттикнат од злобата, тој се труди и ближниот да го наведе да падне во калта за да не биде само тој извалкан. Слично (сега) постапуваат многумина.

Отпаѓајќи од добродетелите, тие се трудат да ги повлечат и другите за да не бидат сами во нечистотијата. Тие зборуваат смирено и слатко одговараат за постепено да ги одвлечат од трезвеноста (т.е. чистотата) оние што ги слушаат, туркајќи ги во истата кал.

He им е срам да прават зло, туку и блиските ги наговараат, говорејќи: „Зошто се гадиш од нас? Затоа што сме грешни? Зарем не знаеш дека животот е паѓање и станување”

Зборувајќи слично, тие не се срамат. Зошто? Затоа што, паѓајќи, тие не сакаат да станат, како што реков, туку стануваат соблазна, пад и пропаст (причина за пропаѓање) за многумина, претставувајќи мамка на ѓаволската јадица.

Тие се трудат да ги прелажат неутврдените души и да ги одведат во погибел. Затоа чувај се од таквите и немој да те прелажат co своите слатки зборови, за да не те повлечат co себе во вечниот оган.

2. ЕДЕН монах го советувал братот за да живее според Божјите заповеди. Покрај нив поминувал некој друг и советодавецот му рекол:

„Ете, го молам братот и не сака да ме послуша.”

Тој му одговорил:

„Треба да те послуша. Извини, од тебе и зло да чуе, тој co радост треба да го исполни.”

„He e така”,- одговорил првиот. „Доколку не провери дека зборува пo Бога, нека не ме слуша. И не само мене, туку ни пророкот, ако советува против Божјата волја.

Всушност, апостолот вели: Ho ако и ние самите или пак ангел од небото ви проповеда нешто спротивно од она што ви благовестевме ние, нека биде проклет. (Гал. 1,8-9)

Што биле оние што се побуниле против Сосан во Вавилон? Зарем не биле старешини?

И не само старешини, туку и судии и водачи на народот. Сепак, каков крај дочекале поради невниманието? И нивните чинови не им биле од корист.”

Биди трезвеноумен, брате, и варди се од многубројните замки на непријателот.

Гледајќи на братот кој внимателно го исполнува Божјото дело, противникот го испраќа најневнимателниот брат против него. И тој неправедно и бессовесно го искушува братот што се подвизува, за да го наведе да почне да се лути и да се гневи и за да почне да злопамти, попречувајќи го на патот на добродетелите и наведувајќи го да падне во зло.

Ако види дека ги поднесува искушенијата co долготрпение, и ако види дека се моли за оној што му причинува неправда, тој се обидува да го победи co друго искушение.

Тој, значи, се обидува да го спријатели co некој невнимателен и опуштен и поматувајќи му ги помислите преку таквото пријателство да го зарази co сластољубието, постепено приведувајќи го кон рамнодушност.

Оној, пак, што се плаши од Господа, никогаш нема да засака без мудроста одозгора.

Зашто, напишано е: А мудроста, што иде озгора, е најнапред чиста, а потоа мирна (Јк. 3,17), и останатото.

ОД АВА ИСАИЈА

АВА Исаија рекол: „Ако сакаш да го следиш нашиот Господ Исус Христос и ако сакаш да го распнеш својот стар човек co Hero, треба да престанеш (да се гледаш) co оние што те симнуваат од крстот. Подготви се да ги поднесуваш понижувањата и да ги успокојуваш срцата на оние што те огорчуваат.”

ОД АВА ИСААК

БЕЗУМНИОТ и неразумен пријател е извор на штета. Напротив, извор на сладоста е говорот на разумните. Седењето co неразумните го крши срцето.

Подобро е да живееш co ѕверовите, отколку co оние што се однесуваат лошо.

Подобро седи co граблива птица, отколку co лаком и ненаситен.

Подобро стани пријател co убиец, отколку co честољубец (оној што сака почести).

Подобро е да разговараш co свиња, отколку co стомакоугодник.

Зашто, подобра е утробата на свињата, отколку устата на оној што многу јаде или на ненаситниот. Подобро седи co лепрозните отколку co гордите.

Извадок од книгата “Доброслов” прв том

Подготви М. Даниловска