Пофална молитва на царицата Ирина! (Блажениот Августин)

Example Admin User · 3 years ago

    0 minutes, 58 seconds


Грчката царица Ирина кога во Цариград била соборена од престолот од страна на омразениот слуга, му се обратила на Бога со следниве зборови:

„Ти благодарам Господи, што Ти мене, бедната и недостојна, ме постави на царскиот престол, но бидејќи допушти да бидам соборена од него, тоа го сметам како последица од моите гревови; нека биде со мене волјата Твоја! – Во сè добро и лошо нека биде благословено името Господово“.

Вистина е дека никој не може да ни наштети во она, во коешто ние самите себеси си наштетуваме. Заради тоа точно кажал блажениот Августин:

„Верувај му на Господ Бог, без никаков сомнеж и препушти Му се во потполност, колку што е тоа во твоја моќ:

тогаш нема да те отфрли и нема да престане да те привлекува кон Себе и нема да допушти никакво зло врз тебе, иако ти би бил сиромав и незначаен“.

Оваа порака секој од нас треба да ја знае во потполност и треба цврсто да го има на ум следното:

ништо спротивно нам не може да ни се случи без Божја волја и допуштение;

ниту ѓаволот, ниту луѓето не можат да ни наштетат, доколку Бог тоа не го допушти.

Треба цврсто да веруваме, дека иако ни се случуваат најтешки неволји по Божјо допуштение, Он како врховен Цар ги праќа врз нас како најмилостив Отец на наша полза, заради наше вразумување и поправање и заради нашите неправди и гревови.

Следствено на тоа, никој друг освен самите себеси не може да ни наштети.

Source: https://pokajanie.mk/2020/10/07/29560/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Внимавај! Како молитвата да биде услишана од Бог…(Св. Игнатиј Брјанчанинов)

Подготовка • Молитвата е свет, голем и спасоносен подвиг за душата. Таа е главна и прва меѓу монашките подвизи. Сите други подвизи му служат на овој подвиг; тие се преземаат за подвигот на молитва да се извршува поуспешно, плодовите на молитвата да бидат пообилни. „Глава на секој благочестив живот...

Image Description
3 years ago

„Блажени се бедните по дух“ – Кои се бедните по дух?

Блажени се бедните по дух“ (Матеј 5,3). Духовната беда е внатрешно самоодрекување. Преку нејзиното усвојување човекот ги отфрла своите илузорни богатства, она што е толку многу ценето од слепиот и страстен свет. Тој се откажува од привременото и минливото, од она што станува плен на распадливоста и...

Image Description
3 years ago

Верата која поместува планини

Во јуни 2018 година во Грција се случи една сообраќајна несреќа и оваа вест го обиколи сиот свет, особено православните медиуми. Но, по што беше толку посебна оваа несреќа? Животот го изгуби Марија Хаџитанаси, 43-годишна мајка на 10 деца, од кои најголемото имаше 22 годин...