111237.pПОГЛАВАРОТ НА КОПТСКАТА ЦРКВА ГО КРИТИКУВАШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕГИПЕТ

Поглаварот на Коптската Црква, патријархот Тавадрос II, го критикуваше претседателот на Египет Мухамед Мурси за неспособноста на државата да го заштити христијанското малцинство во државата, соопштува Седмица.ru.

Коптскиот лидер изјавил, дека Мурси ветил заштита на соборниот храм „Свети Марко“ во Каиро, но „во реалноста тоа не го направил“. На минатите избори храмот бил нападнат од исламските радикали, по што 80 луѓе биле ранети.

Христијаните тврдат дека полицијата се откажала да се меша и да заштитува, кога верниците биле каменувани. Патријархот Тавадрос изјавил дека инцидентот „се јавува како плод на незаинтересираност и неточна проценка на настаните“.

Патријархот Тавадрос, кој стана поглавар на египетските Копти во минатиот ноември, честопати предупредува за порастот на влијанието на исламистите. Неговиот претходник – покојниот патријарх Шенуда III, ги подржуваше пријателските односи со претходната власт на чело со Хосни Мубарак. По симнувањето на Мубарак од власт, случаите со насилство по однос кон христијанското малцинство забележително пораснаа.

Повеќе ...