Title : Покровот на Пресвета Богородица

Покровот на Пресвета Богородица

Example User · 1 week ago

pokrov.bogorodica.jpg

Покровот на Пресвета Богородица     1/14/ 10/Лето Господово 

Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род.

На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше Св. Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј. Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маченици и девици. Гледајќи го тоа видение Св. Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се ужаснувам!“ Заради ова се востанови ова празнување, за да нѐ потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја.

 

Тропар на Покров на
Пресвета Богородица
1 октомври / 14 октомври

Денес, ние благоверните светло празнуваме,
осенети со Твоето Богомајко Пришествие,
и гледајќи кон Твојот Пречист образ,
со умиление глаголаме:
покриј нѐ нас со чесниот Покров Твој,
и избави нѐ од секое зло,
молејќи го Синот Твој Христа нашиот Бог,
да ги спаси нашите души.

 
Извор: Верскиот календар на МПЦ-ОА

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost-2/zhitija/439-pokrovot-na-presveta-bogorodica

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
1 month ago

Свети Тејло, епископот на Ландаф

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ ТЕЈЛО, ЕПИСКОПОТ НА ЛАНДАФ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 9 ФЕВРУАРИ (?-580; велшки: Teilo) Свети Тејло е роден во околината на Пенали кај Тенби (Penally by Tenby), во областа Пемброкшир. Своето образование го стекнал под раководство на светите Дифриг и Павлин, прек...

Image Description
1 week ago

За Светиот апостол Тома!

Светиот апостол Тома Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја...

Image Description
1 month ago

Рождеството Христово на Света Гора

Митрополит Николај Месогијски – Високопреосветен владико, која е највисоката точка на светот? – Се разбира, вашето прашање е во врска со книгата која ја напишав за Света Гора, „Највисоката точка на земјата“, и за моите доживувања таму. Тоа е само игра на зборови, не постои...