Полската Православна Црква се враќа на Јулијанскиот календар

Example User · 3 years ago

    0 minutes, 46 seconds


166745.pПОЛСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА СЕ ВРАЌА НА ЈУЛИЈАНСКИОТ КАЛЕНДАР

На 18 март, во резиденцијата на Митрополитот Варшавски и на цела Полска Сава, се одржа пролетното заседание на Архиерејскиот Собор на Полската Православна Црква, на кое било прифатено решение без преседан – за првпат во историјата на една Православна Црква, која се раководи според новиот стил, прифатено е решение да се врати кон стариот стил (Јулијанскиот календар).

„Во врска со фактот дека, мнозинството од парохиите на Полската Црква (96%) ги празнуваат црковните празници според стариот стил (Јулијанскиот календар), и по барање на верните, Архиерејскиот Собор го смени решението на Соборот од 12 април 1924 година за преминување на новиот, Григоријански календар, и одлучи да се врати кон Јулијанскиот календар, почнувајќи од 15 јуни 2014 година [н.ст.], во Неделата на Сите Светии“, – соопштува официјалната интернет страна на Полската Православна Црква.

Исто така, издадено е и соопштение дека, во оние парохии, каде што има неопходност, новиот стил може да биде сочуван заради икономија.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2014/03/31/polskata-pravoslavna-crkva-se-vraka-na-julijanskiot-kalendar/

Related Posts

Image Description
3 years ago

д-р Ѓоко Ѓорѓевски - Слово кон книгата на епископ Тихон Шевкунов „Несвети, а свети“

  Епископ Тихон ШевкуновНесвети, а свети    Секој момент од нашиот живот го минуваме во сознанието за постојаното присуство на Господа: и дома, и на работа, и на улица, и кога работиме, и кога учиме, но никаде така непосредно како во Божјиот дом, во црквата. А таму, уште на самото в...

Image Description
3 years ago

Саентолошката секта регистрирана и во Македонија

САЕНТОЛОШКАТА ТОТАЛИТАРНА СЕКТА РЕГИСТРИРАНА И ВО МАКЕДОНИЈА, И ТОА КАКО ЦРКВА Со одлука на Основниот суд Скопје 2, од пред некој ден во Македонија е регистрирана саентолошката тоталитарна секта како црква. Со регистрацијата, саентолошката секта е вметната во Регистарот на религиозни заедници и верс...

Image Description
3 years ago

Се обновува култот на свети Константин Кавасила

Почнувајќи од годинава, секој 31 октомври ќе се прославува споменот на овој светител. Официјалната прослава ќе се одбележи денеска во Охрид, во катедралната црква „Света Софија“, во организација на дебарско-кичевската епархија.Негови фрески има во црквите „Света Богородица Перивлепта“, „Свети Јован...